сабота, 18 април, 2026
Meta.mk

Ознака: јутјуб | 46 резултати

Јутјуб се согласија да му платат на Трамп 24,5 милиони долари за решавање на тужбата

септември 30, 2025

Јутјуб се согласи да плати 24,5 милиони долари за да ја реши тужбата поднесена од Доналд Трамп во 2021 година, во која се тврди дека платформата погрешно го суспендирала неговиот канал по нападот на 6 јануари врз американскиот Капитол. Подружницата на Гугл е најновата во долгата низа технолошки компании кои му исплатија повеќемилионски отштета на […]

Јутјуберот „SideQuestMerchant“: Македонија е совршено место за реализирање на креативни идеи

септември 18, 2025

Кога пред четири години за првпат стапнал во Македонија за време на Ковид-19 пандемијата, Ричард немал намера оваа земја да стане негов дом. Британецот тогаш пристигнал со пријател, во потрага по нови искуства и малку слобода во време кога правилата во неговата татковина биле особено строги. Сепак, шесте недели поминати овде оставиле доволен силен впечаток […]

Макрон поднесе тужба за клевета против американска инфлуенсерка која тврди дека неговата сопруга е маж

јули 24, 2025

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит во средата поднесоа тужба за клевета во САД против десничарската инфлуенсерка Кендис Овенс, поради нејзиното тврдење дека првата дама на Франција е машко лице, објави Ројтерс. Во тужбата, поднесена до Врховниот суд на сојузната држава Делавер, сопружниците Макрон наведуваат дека Овенс води „кампања исполнета со лаги и […]

Јутјуб ќе ви пушта реклами со помош на вештачка интелигенција во моментот кога сте „најфокусирани“

мај 19, 2025

Ситуацијата со рекламите на Јутјуб секојдневно оди кон полошо поради тоа што со употреба на вештачката Интелигенција ќе се анализира патерни на однесување, и преку алгоритми ќе одредува кога сте „најфокусирани“ за во тој момент да добивате повеќе реклами. Поголем дел од светот нема своја претплата на „YouTube Premium“ а доколку имате платежна корисничка сметка […]

Стримерот „АјШоуСпид“ достигна 1 милион гледачи на Јутјуб додека беше во Индонезија

септември 20, 2024

Контроверзниот стример „АјШоуСпид“ (IShowSpeed) ​постигна монументална пресвртница на Јутјуб, додека беше на својата туренија низ Индонезија. Тој достигна еден милион истовремени гледачи на својот стрим. Со ова, младиот стример направи огромен рекорд бидејќи неговата содржина беше првиот пренос во живо со над еден милион истовремени гледачи на содржина направена од креатор, а не содржина како […]

„Јутјуб“ повеќе нема да им препорачува видеа поврзани со фитнес и тежина на малолетниците

септември 5, 2024

„Јутјуб“ ќе престане да им препорачува видеа на тинејџерите за телесна тежина или физички карактеристики, откако експертите предупредија дека таквите содржини може да бидат штетни доколку се гледаат премногу пати. Платформата сè уште ќе им дозволува на младите од 13 до 17 години да ги гледаат видеата, но нејзините алгоритми нема да им ги „препорачуваат“ […]

Јутјуб ќе ги оневозможува „ад-блокерите“, законите за приватност на ЕУ може да го спречат

ноември 8, 2023

Додека Јутјуб ги заострува ограничувањата на блокаторите на реклами, поборниците за заштита на приватноста во ЕУ тврдат дека европските закони може да ги сопрат овие обиди на платформата. Јутјуб во јуни започна да го тестира блокирањето на таканаречените „ад-блокери“, за подоцна да ги зголеми ваквите напори. Тоа значи дека повеќе корисници со овозможени блокатори на […]

Успешна кампања против дезинформации на Гугл во Германија

октомври 25, 2023

Гугл во текот на летото едуцираше голем дел од населението во Германија со видео кампања за борба против дезинформациите и обидите за манипулација на интернетот, пренесува германската агенција ДПА. Според одделот Jigsaw на Гугл, 21,9 милиони корисници на Јутјуб ги гледале трите едукативни видеа, што се совпаѓа со 58 отсто од популацијата на возраст од […]

Јутјуб наводно тестира нова функција за играње видеоигри на платформата

јуни 27, 2023

„Playables“ е новата функција во развој на Јутјуб со која на видео платформата можат да бидат додадени видеоигри, објави Волстрит Журнал. Од вработените во „Гугл“, во чија сопственост е Јутјуб, преку електронска пошта било побарано да ја тестираат новата функција. Игрите наводно можат да се играат или преку апликацијата Јутјуб на оперативните системи iOS и […]

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни за изговореното во спорниот поткаст на Јутјуб

јуни 19, 2023

Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров на денешното судско рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни за обвинението за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Обвинението беше поднесено од Основното јавно обвинителство по објавениот поткаст на 14 февруари годинава, во кој Латас му беше гостин на Лазаров во поткастот. Латас рече […]

Јутјуберите во „сива зона“ и без надзор на АВМУ, потребна ли е регулација на инфлуенсерите?

мај 14, 2023

Од промотивни рецензии за одредени производи, преку оценки на храната во угостителски објекти и видео интервјуа со јавни личности до продукција на своевидни информативни емисии во видео формат. Јутјуберството како создавање на аудиовизуелни медиумски содржини по барање од физички лица зема голем замав и во Македонија, а заедно со ова се поставува и прашањето за […]

Американски јутјубер се соочува со затвор поради уривање на авион за да собере прегледи

мај 12, 2023

Јутјуберот Тревор Џејкоб, кој намерно урна авион поради прегледи, ќе се изјасни за виновен за попречување на федерална истрага со тоа што го исчистил местото на несреќата, пренесува Би-би-си, повикувајќи се на информации од обвинители во САД. Во соопштението на американското Министерство за правда пишува дека во ноември 2021 година, Џејкоб го напуштил аеродромот во […]

За 19 јуни одложено судењето против Стефан Лазаров и Драган Павловиќ – Латас

мај 10, 2023

Судењето против новинарот Драган Павловиќ – Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, е одложено за 19 јуни бидејќи одбраната побарала да им се достават во целост доказите со кои располага oбвинителството. Двајцата се обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 21 февруари, Основното јавно обвинителство – Скопје […]

Одложено судењето на Латас и Лазаров за случајот со спорниот поткаст

март 27, 2023

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска требаше да започне судењето против Драган Павловиќ – Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, кои се обвинети за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Откако Лазаров и Латас седнаа на обвинителна клупа, судењето се одложи поради тоа што адвокатката на Латас истовремено била на друго […]

Поднесено обвинение против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров

февруари 21, 2023

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Јавното обвинителство, не наведувајќи ги нивните имиња, информираше дека двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале […]

Лазаров го сокрил спорното видео со Латас на Јутјуб

февруари 20, 2023

Спорното интервју со Драган Павловиќ Латас, кое предизвика лавина реакции во јавноста, не е достапно за јавноста на Јутјуб. Поточно во подесувањата на социјалната мрежа видеото е сега ставено во категорија „приватно видео“. Видеото, иако беше објавено пред 5 дена, откако вчера стана вирално на социјалните мрежи, за само 24 часа достигна илјадници прегледи. Во […]

Новинарските здруженија со осуда за интервјуто со Павловиќ-Латас, се бара одговорност

февруари 20, 2023

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудуваат говорот со кој, како што велат, се поттикнува насилство и стимулира родова дискриминација кој деновиве се појави на канал на „јутјуб“ платформата. Станува збор за интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров […]

Јавноста огорчена од Латас и исмевањето на насилството врз жените во емисијата на јутјуберот Лазаров

февруари 20, 2023

Лавина реакции на социјалните мрежи по објавената емисија на Јутјуб каналот на Стефан Лазаров во која гостуваше Драган Павловиќ – Латас и во која, како што прв реагираше Хелсиншкиот комитет за човекови права, се нормализира културата на насилство. Од Хелсиншкиот комитет реагираат дека во интервјуто објавено во вторникот вечерта, Латас споделува дека тој и неколку […]

Јутјуб добива нов извршен директор

февруари 17, 2023

Извршната директорка на Јутјуб, Сузан Војчицки се повлекува од функцијата по речиси 25 години во „Гугл“, компанијата во чија сопственост е платформата за видеа. Таа за одлуката ги информирала вработените преку електронска пошта, а писмото го објави и на социјалните мрежи, пренесува „Врџ“. Функцијата на Војчицки ќе ја преземе главниот директор за производи во компанијата […]

Њујорк Тајмс: Како што продолжува да се шири ковид-19, така се шират и дезинформациите за болеста

декември 30, 2022

Речиси три години од почетокот на пандемијата, ковид-19 и понатаму опстојува. Истото е случај и со мисинформациите (намерно или случајно згрешени информации и дезинформации) за оваа болест, пишува Тифани Хсу во „Њујорк Тајмс“. Она што почна во 2020 година како гласини што фрлаа сомнеж на постоењето или опасноста на ковид-19, набргу еволуираше во честопати несфатливи […]

Страна 1 од 3