Јутјуб добива нов извршен директор

фото: Christian Wiediger на Unsplash

Извршната директорка на Јутјуб, Сузан Војчицки се повлекува од функцијата по речиси 25 години во „Гугл“, компанијата во чија сопственост е платформата за видеа. Таа за одлуката ги информирала вработените преку електронска пошта, а писмото го објави и на социјалните мрежи, пренесува „Врџ“.

Функцијата на Војчицки ќе ја преземе главниот директор за производи во компанијата Нил Мохан, кој откако долги години служеше како потпретседател на „Гугл“ за прикажување видео-реклами, се приклучи во Јутјуб во 2015 година. Според Војчицки, Мохан имал голема улога во развојот на неколку производи на платформата, како Јутјуб ТВ, Јутјуб Мјузик, Премиум и Шортс.

Извршна директорка на Јутјуб, Војчицки стана во 2014 година, но нејзината историја со „Гугл“ започнала уште пред таа да се вработи во компанијата, односно токму таа им изнајмила гаража на основачите Сергеј Брин и Лари Пејџ по основањето во 1998 година.