fbpx
Таг: Суд

таг: Суд

Лидија Ивановска е нов претседател на Вишиот управен суд

Судскиот совет избра нов претседтел на Вишиот управен суд во Скопје. Тоа е Лидија Ивановска, досегашна судијка на Управниот суд, која доаѓа на местото на Розалија Кочковска која го водеше судот во периодот јули 2011 - јули 2015 година, пишува „Нова тв“. Лидија Ивановска има 55 години, работела како стручен сооработник во Окружниот и во Врховниот суд, а за прв...

Рочиштето за „Пуч“ одложено за 7 септември

Почетокот на судскиот процес за случајот „Пуч“, кој требаше да почне денеска, е одложен затоа што во судницата не се појави четвртообвинетиот Зоран Заев, лидер на СДСМ. Другите обвинети беа во судницата. Првообвинетиот Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски беа донесени од затворот во Скопје, каде издржуваат мерка притвор, а Соња Верушевска и Бранко Палифров, издржуваат мерка домашен притвор. Судскиот совет,...

Поддржувачи на Заев се собраа пред судот

Неколкумина поддржувачи на Зоран Заев утринава поставија пано со ликот на лидерот на опозицијата пред Основниот суд Скопје 1, каде во 10 часот треба да почне судскиот процес за случајот „Пуч“. Покрај Заев, пред судот денеска треба да се појават поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров, и поранешниот вработен во МВР, Ѓорги Лазаревски,...

Смртна казна за синот на Гадафи

Саиф ел Ислам Гадафи, најистакнатиот син на убиениот либиски лидер Муамер Гадафи, осуден е на смрт заедно со осум други припадници на поранешната влада, јавува „Раша тудеј“. Осуден е во отсуство во Триполи, заедно со другите високи членови на власта која беше соборена во 2011 година. Меѓу обвинетите на кои судот им изрече смртна пресуда се и поранешниот премиер, како...

Од почетокот на годинава, 17 нови тужби против новинари

Според податоците на основните судови, што НВО Инфоцентар и ЦРМ ги добија преку пристапот до информации од јавен карактер, во периодот од две години, ноември 2012 – декември 2014 година, пред девет основни судови во Македонија (Гостивар, Велес, Струмица, Битола, Прилеп, Штип, Тетово, Куманово и Скопје 2), се покренати вкупно 520 судски процеси за навреда и клевета, од кои 74,4 проценти се...

ЦРМ: Се одолжуваат судските постапки за клевета против новинарите

Во вториот квартал од 2015 година (април – јуни), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) следел 28 судски предмети на 52 рочишта. Од донесувањето на Законот за граѓанска одговорност за навреда и за клевета, во ноември 2012 година досега, завршени се 54 случаи за навреда и за клевета против новинари, но поголемиот дел од пресудите сè уште не се правосилни,...

Силвио Берлускони осуден поради подмитување сенатор

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, е прогласен за виновен во случајот во кој му се судеше за подмитување сенатор во 2006 година за да ја собори тогашната левоцентристичка влада, пренесуваат европските медиуми. Судот во Неапол го осудил Берлускони на затворска казна од три години и забрана за вршење јавна функција во наредните пет години. Берлускони, кој четирипати беше на чело на италијанската...

Претседателот на ГРЕКО за „бомбите“: Конечната одлука треба да ja донесе независен суд

Судовите самите треба да ја испитаат и да се справат со содржината од опозициските „бомби“, особено со тие што се однесуваат на назначувањето судии, изјавил претседателот на европската организација за борба против корупцијата ГРЕКО и судија во Врховниот суд на Хрватска, Марин Мрчела, кој учествува на меѓународна конференција на тема „Антикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“, што се одржува...

Заев: Не го признавам судот, можат да ме уапсат веднаш

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на денешната прес-конференција изјави дека нема да ја почитува одлуката на судот за случајот „Пуч“. Тој истакна дека нема да се јавува секој понеделник во судот во 9 часот, како и дека нема да присуствува на закажаните рочишта. Според него, поради тоа судот треба да издаде наредба за негово апсење. - Јас ќе бидам во...

Единаесет смртни казни за навивачи од Египет

Судот во Египет денеска осуди 11 мажи на смртна казна поради учество во насилство на фудбалскиот стадион во 2012 година. Еден е осуден во отсуство. Седумдесет и четири лица загинаа во судирите и во стампедото на стадионот во Порт Саид во 2012 година, откако навивачите упаднаа на теренот. Властите по настанот го ограничија бројот на навивачите на фудбалските терени.

Саудиска Арабија осуди блогер на 10 години затвор и на камшикување

Врховниот суд на Саудиска Арабија ја потврди пресудата од 1.000 удари со камшик и од 10 години затвор за блогер Раиф Бадави, без разлика на меѓународната осуда. Бадави е уапсен во 2012 година поради навредување на исламот преку социјалните мрежи и усвојување либерални мисли. Тој четири години водел блог наречен „Либерална саудиска мрежа“, кој поттикнува дискусија за верски и за...

Мубарак повторно на суд

Поранешниот египетски претседател, Хосни Мубарак, повторно ќе оди на суд во ноември за убивање демонстранти за време на востанието од 2011 година, кога беше соборен од власт, соопшти денеска Врховниот суд на оваа земја. Судијата ја уважи жалбата на обвинителството против претходната пресуда, со која е одбиена тужбата против Мубарак. Мубарак, кој владеше со Египет речиси три децении, веќе три години...

Голгота: Ексградоначалник на Штип 18 години трага по правда

64-годишниот Славчо Митевски од Штип, на денешен ден пред 18 години поднел тужба преку која побарал да му се додели надомест од стечај за уште три месеци. Наместо 18 месеци, колку што му следувало според закон, тогашниот Завод за вработување му подготвил решение за 15 месеци. Оттогаш влегол и поминал низ сите судови – од Основен до Врховен и пред...

Шведскиот врховен суд го продолжи решението за притвор на Асанж

Шведскиот врховен суд ја отфрли жалбата на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, да го поништи решението за негов притвор поради обвинението дека извршил сексуален напад, соопшти судот. Во соопштението се наведува дека одлуката на обвинителот да го испраша Асанж во Лондон влијаело на одлуката на судот да му се продлжи притворот. Асанж, кон средината на април се согласи да биде...

Алекс Рондос пред кривичниот суд за проневера на девет милиони евра

Мистериозниот грчки дипломат Алекс Рондос, со кој се поврзани шпекулации за тајна дипломатија со македонската влада за спорот за името, ќе биде изведен пред суд под обвинение за проневера на девет милиони евра од грчкото Министерство за надворешни работи. Се работи за корупциски скандал кој ја потресе Грција минатата година. Според обвинението, преку невладината организација „Интернешнл мајн инишијатив“, која работела...

Боболас пуштен на слобода

Првиот човек на грчкиот градежен гигант „Актор“, Леонидас Боболас, е ослободен откако исплати 1,8 милиони евра долг кон државата за даночно затајување. Бизнис-гигантот беше приведен изутринава со обвинување за даночно затајување и за перење пари и изведен пред суд за да даде исказ за обвиненијата за кои се товари. Според информациите, Боболас е изведен пред суд поради одбивањето да плати...

Египетскиот суд го осуди Морси на 20 години затвор

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси денеска е осуден на 20 години затвор. Судот во Каиро му изрече казна на Морси по обвинението за убиство на демонстранти во декември 2012 година, кога беше на власт. Пред судењето, се шпекулираше дека Морси се соочува со смртна казна, што би претставувало симболичен удар за движењето Муслимански браќа, на кое му припаѓа Морси и...

Зелено светло за основање специјален суд за воени злосторства на Косово

Уставниот суд на Косово денеска едногласно ја донесе одлуката со која даде зелено светло за основање специјален суд за воени злосторства на Косово. Според Уставниот суд, амандманот од Уставот на Косово, кој се однесува на основањето на специјалниот суд за воени злосторства, не го намалува човековите права и слободи, одредени со второто и со третото поглавје од уставот. Судот го оцени...

Во Делчево е донесена првата пресуда за дискриминација

Основниот суд во Делчево ја донесе првата пресуда каде се утврдува дискриминација. Во овој случај, судот утврди дискриминација затоа што Општина Делчево (тужена странка) не изградила тротоар и рабници кои ќе можат да ги користат и лицата со посебни потреби. Дополнително, Судот ја задолжи Општината да му надомести на тужителот нематеријална штета за претрпен страв и душевни болки. Македонското здружение на млади...

Пукање во суд во Милано, убиени судијата и сведокот

Најмалку две лица се убиени, вклучувајќи еден судија, откако вооружено лице отвори оган во Палатата на правдата во Милано, соопштија властите, додавајќи дека осомничениот сè уште е на слобода. Како што јавуваат италијанските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, напаѓачот, наводно, е обвинет во случај за банкрот. Според обвинителите, напаѓачот убил две лица, а едно ранил. Осомничениот, идентификуван како Клаудио...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...