fbpx

Голгота: Ексградоначалник на Штип 18 години трага по правда

-

64-годишниот Славчо Митевски од Штип, на денешен ден пред 18 години поднел тужба преку која побарал да му се додели надомест од стечај за уште три месеци.

Наместо 18 месеци, колку што му следувало според закон, тогашниот Завод за вработување му подготвил решение за 15 месеци. Оттогаш влегол и поминал низ сите судови – од Основен до Врховен и пред Судот за човекови права во Стразбур.

Поранешниот градоначалник на Штип, двапати влезе во годишниот извештај на Хелшинскиот комитет за човекови права, а засега успеал да докаже дека е жртва на судење во неразумен рок.

Стразбур побара државата да му плати 4.000 евра, додека со решение на Врховен суд треба да добие 2.000 евра.

На осумнаесетгодишнината, Митевски рече дека апсурдот е што тој со години бара исплата на износ помал од 1.000 евра, а досега, заедно со негови двајца колеги, ја чини државата 11.000 евра. Пред три дена му стигнала пресуда со која овој случај се враќа од почеток.

– Не можам да најдам соодветен збор за господата кои држат решение од 1997 година. Уште пострашно е што Основното јавно обвинителство ги отфрла кривичните тужби за дела кои се очигледни. Основниот суд ги помилува тие што тоа го прават, а Апелациониот ги потврдува. Не знам каде правда да барам. Единствените што ми помогнаа се луѓето од Хелисиншки комитет – рече Митевски.

Симболично во пет до дванаесет, пред вратата на Агенцијата за вработување, со бомбони ги дочека новарските екипи, за да ги почести за годишнината. Од другата страна на булеварот е зградата на некогашната фабрика „Селена“, каде беше директор до неговото заминување во 1997 година.

Митевски вели дека нема да се откаже од барањето правда и во моментов води уште три судски предмети.

Штипјани добро ја знаат неговата упорност откако пред три години, еден ден во неделата протестираше пред зградата на судот. За три дена полни 64 години и заминува во пензија, но од своите три месеци стечаен надомест, не се откажува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...