Неколкумина поддржувачи на Зоран Заев утринава поставија пано со ликот на лидерот на опозицијата пред Основниот суд Скопје 1, каде во 10 часот треба да почне судскиот процес за случајот „Пуч“.

Покрај Заев, пред судот денеска треба да се појават поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров, и поранешниот вработен во МВР, Ѓорги Лазаревски, сите обвинети за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.