fbpx
Таг: Суд

таг: Суд

Ле Пен ослободена од обвиненијата за поттикнување омраза

Судот во Лион денеска ја ослободи лидерката на француската партија Национален фронт, Марин ле Пен, од обвиненијата за поттикнување омраза за време на предизборната кампања во декември 2010 година. Ле Пен тогаш ги спореди муслиманите кои се молат на улиците со нацистичката окупација на Франција во Втората светска војна. Лидерката во октомври пред судот изјави дека не го прекршила законот. Обвинението е...

Миле Хаџиски осуден на 20 години затвор

Скопскиот кривичен суд вторпат го осуди Миле Хаџиски на 20 години затвор за убиството на Мери Јошевска. Судот ја потврди пресудата која на Хаџиски му беше изречена пред 22 години, колку што тој беше во бегство. Според пресудата, Хаџиски на суров начин со 40 убоди ја убил 21-годишната Јошевска и ја оставил во нејзиниот стан да искрвави до смрт. - Судот...

Судските работници денеска на протест од 10.30 до 12.30 часот

Денеска од 10.30 до 12.30 часот судовите нема да работат поради протестот на дел од судската администрација. Дактилографките во 10.30 часот ќе ги напуштат судниците и два часа ќе стојат пред судовите во знак на протест поради Законот за судска служба, за кој велат дека е полн со нејаснотии и не дефинира кој е судски службеник, кој административец, а кој...

Израел: Двајца Евреи осудени за убиство на Палестинец

Израелскиот суд прогласи за виновни двајца Израелци за смртта на палестинскиот тинејџер во Ерусалим во 2014 година, но одлуката за третиот обвинет ќе биде донесена по лекарскиот преглед на обвинетиот. Тројцата обвинети признале дека го киднапирале и жив го запалиле Мохамед Абу Кудаир, како одмазда за тоа што милитантите на Хамас претходно убиле три израелски момчиња. Двајца од обвинетите за време...

Почнува судењето на новинари во Ватикан

Пет лица се изведени пред судот во Ватикан под обвинение дека во јавноста оддале тајни документи за малверзација во седиштето на Католичката црква. Пред судот се најдоа двајца новинари, два члена на папската комисија и еден асистент, јавува „Би-Би-Си“. Доколку бодат прогласени за виновни, може да бидат осудени на осум години затвор. Медиумските организации го осудија судењето, а еден новинар го...

Талески нема да се жали на ослободителната пресуда за новинарката Блажевска

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, нема да се жали на пресудата на Основиот суд Скопје, со која тој го изгуби спорот против новинарката Анета Блажевска од Битола. Талески ја тужеше Блажевска за текстот „Колку е богат  Владимир Талески“ објавен во „Утрински весник“ во ноември 2013 година. Тужбата на Талески против новинарката, судот ја отфрли како неоснована, а таа стана правосилна откако...

Башеска: Ако Заев не се појави на суд на 2 декември, стражарно ќе го приведам

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ повторно е одложено бидејќи во судницата повторно не се појави четвртообвиниетиот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Филип Медарски, адвокат на Заев, рече дека претседателот на СДСМ денеска патува надвор од земјата поради меѓународна активност и како доказ пред судот приложи копија од авионски билет. Судијката Љубинка Башеска реагираше на тоа дека тој не се појавува на...

„Пуч“ повторно одложен: Заев ја признава само Катица Јанева

Рочиштето со кое официјално требаше да почне судскиот процес „Пуч“ денеска повторно се одложи, поради тоа што не беше присутен четвртообвинетиот, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Адвоктот на одбраната, Филип Медарски, пред судот рече дека причина за денешното отсуство на Зоран Заев, и покрај примената покана, е тоа што според Законот за специјален обвинител, надлежноста за конкретниот предмет треба да...

На Заев му останува пасошот и не мора да се јавува секоја недела на суд

Кривичниот совет на скопскиот Основен суд го одби барањето на Јавното обвинителство да му се одземе пасошот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој е четвртообвинет во случајот „Пуч“. Донесена е и одлука да се укине и мерката според која Заев имаше обврска да се јавува во струмичкиот суд секоја недела. Ново рочиште за случајот „Пуч“ е закажано за 5...

Смртна казна за пет извршители на нападите во Мумбај

Индискиот суд им изрече смртна казна на пет лица одговорни за серија напади врз возови во предградие на Мумбај од 11 јули 2006 година, во кои загинаа 189 лица. Како што јавуваат локалните медиуми, уште седум лица се осудени на доживотен затвор за вмешаност во нападите. Дванаесетте лица се прогласени за виновни за убиства, заговор и за воени злосторства. Индиските власти...

За Кривичниот суд, снимката со дадилката што малтретира бебе е прифатлив доказ

Судот не го прифати барањето на адвокатот на дадилката Т.С., осомничена за запуштање и за малтретирање малолетно дете, да ја издвои снимката од камерата како доказ во судската постапка. За Кривичниот суд ваквото барање е неосновано. „Бранителот на осмоничената во барањето навел дека снимката приложена во доказниот материјал претставува доказ кој е прибавен на незаконски начин, бидејќи не е добиена...

Судскиот процес за акцијата „Јустиција“ почнува на 29 септември

На 29 септември, 13 лица, судии и стручни соработници, од одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, обвинети во случајот „Јустиција“, ќе седнат на обвинителна клупа. Во акцијата „Јустиција“, која се случи лани во октомври, беа уапсени дваесетина лица од одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, под сомневање дека несовесно работеле во службата. Јавното обвинителство – Скопје, во меѓувреме, склучи...

Муса Џафери: Богоевски на суд ќе ги докажува тврдењата за „Маѓар телеком“

Вицепремиерот за рамковни прашања, Муса Џафери, изјави дека подготвува кривични пријави против поранешниот шеф на тајната полиција, Слободан Богоевски, за неговите обвинувања дека тој и лидерот на партијата, Али Ахмети, се вмешани во скандалот за „Маѓар телеком“, објави  „Порталб“. - Обвинувањата против мене кои се однесуваат дури и на организирање убиства се сериозни и тешки. Станува збор за прашања од лична...

Движење за реформи на ДПА: Аферата „Телеком“ ја докажа тешката состојба на Албанците во Македонија

Според Движењето за реформи на ДПА, тешката состојба на Албанците во Македонија се докажа преку аферата „Телеком“, со објавените докази во судот во Њујорк за првите луѓе на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери. Според движењето, специјалниот обвинител, за кој моментално се водат преговори, нема да ја искорени олигархијата, која има длабоки корени во домашните судови, а во која е...

Перо Антиќ ослободен од обвиненијата

Откако обвинителот ги отфрлил сите обвиненија против македонскиот кошаркар Перо Антиќ и неговиот соиграч од Атланта, Табо Сефолоша, кои беа дел од немила случка пред неколку месеци, во ноќен клуб во Њујорк, судот воопшто не го почна процесот. Тогаш Антиќ беше притворен заедно со Сефолоша, кој при апсењето доби скршеница на ногата, поради давање отпор на полицајците за време на приведувањето.

Британска амбасада: За прислушуваните разговори е потребна целосна истрага

Наводите што произлегоа од прислушуваните разговори се многу сериозни и за нив треба да се спроведе целосна и транспарентна истрага. Ова е ставот на Амбасадата на Обединетото кралство за одлуката на Основниот суд 1 да ги издвои прислушуваните разговори како докази. Амбасадорот не би можел да коментира детали од судската одлука, но вели дека истрага мора да има, а за неа...

Пет години затвор за возачот што ја прегази новинарката кај „Зебра“

Затворска казна од пет години му одреди судот на возачот кој на 7 јули ја прегази новинарката Сузана Тодоровска-Павловска, во непосредна близина на трговскиот центар „Зебра“, во населбата Капиштец, пренесуваат медиумите. Според обвинението, осудениот Бојан Блажевски, го управувал возилото со кое удрил во Тодорвска-Павловска под дејство на алкохол и на наркотици. По несреќата, кај него во крвта беа констатирани 1,52...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во паника бидејќи судот постапи законски

Во СДСМ се во поника бидејќи креираните материјали, во согласност со важечките закони, судот ги отфрли од доказна постапка како незаконски, реагираат од ВМРО-ДОМНЕ на денешната изјава на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во која тој одлуката на судот ја оцени како незаконска. „Врз база на законски одлуки, судот утврди дека овие креирани материјали се илегални, што ќе значи...

СДСМ: Одлуката на судот за „бомбите“ е незаконска

Денеска, за време на паузата од преговорите на работните групи на политичките партии, Оливер Спасовски изјави дека Никола Груевски со барањето да се издвојат доказите од прислушуваните материјали ја признал сопствената вина за сите злодела што им ги направил на граѓаните. - Девет месеци Груевски ја лажеше македонската јавност дека прислушуваните материјали, кои го покажаа неговиот криминал, се сечени, лепени и...

Тајланд: Издаден налог за апсење на осомничениот за експлозијата кај пристаништетo

Тајландскиот суд издаде налог за апсење на неименуваниот маж, осомничен за нападот кој се случи кај пристаништето во Бангкок, ден после експлозијата во центарот на градот во која загинаа 20 лица. Портпаролот на тајландската полиција, Правут Таворнсири рече дека на снимката од надзорната камера е воочена матна слика од непознат маж во сина маица како шутира торба во река во...

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...