fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е во паника бидејќи судот постапи законски

-

Во СДСМ се во поника бидејќи креираните материјали, во согласност со важечките закони, судот ги отфрли од доказна постапка како незаконски, реагираат од ВМРО-ДОМНЕ на денешната изјава на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, во која тој одлуката на судот ја оцени како незаконска.

„Врз база на законски одлуки, судот утврди дека овие креирани материјали се илегални, што ќе значи обврска да се утврди кои лица ги креирале и ги користеле, со што ги прекршиле законите на Република Македонија“, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека тоа го знаеле и СДСМ и целата стручна јавност, бидејќи законот е јасен, но се однесувале поинаку за да го лажат членството дека „со креираните и монтирани материјали и со манипулации преку нив ќе дојдат на власт“.

„Во изјавата на Оливер Спасовски има отворени закани до судиите, со јасен обид да ги заплашат. Оттука се гледа дека ако во опозиција вакви закани испраќаат на судиите, какви ли ќе бидат малтретирањата врз судството кога оваа банда би била на власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...