fbpx

Башеска: Ако Заев не се појави на суд на 2 декември, стражарно ќе го приведам

-

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ повторно е одложено бидејќи во судницата повторно не се појави четвртообвиниетиот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Филип Медарски, адвокат на Заев, рече дека претседателот на СДСМ денеска патува надвор од земјата поради меѓународна активност и како доказ пред судот приложи копија од авионски билет.

Судијката Љубинка Башеска реагираше на тоа дека тој не се појавува на судските рочишта и рече дека ќе мора за наредното рочиште да издаде наредба за стражарно приведување.

–  Јас толерирав и премногу и воопшто не ја сакам оваа ситуација. Заев навистина инсистира и ќе морам за наредното рочиште да издадам наредба за стражарно доведување – изјави Башеска, а тоа го внесе и во записникот од денешното рочиште.

Медарски рече дека нема потреба од такво нешто, посочувајќи дека Заев ќе се појави пред судот кога надлежноста за предметот „Пуч“ ќе ја преземе Специјалното јавно обвинителство.

На почетокот на денешното рочиште, првообвинетиот, Зоран Верушевски, реагираше до судот зашто фотографиите што со пакетите храна му ги испраќало семејството му биле запленети од службите во истражниот затвор „Скопје“. Тој смета дека тоа е поради тоа што на фотографиите бил и лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Следното рочиште е закажано за 2 декември во 10 часот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...