fbpx

Смртна казна за пет извршители на нападите во Мумбај

-

Индискиот суд им изрече смртна казна на пет лица одговорни за серија напади врз возови во предградие на Мумбај од 11 јули 2006 година, во кои загинаа 189 лица.

Како што јавуваат локалните медиуми, уште седум лица се осудени на доживотен затвор за вмешаност во нападите. Дванаесетте лица се прогласени за виновни за убиства, заговор и за воени злосторства.

Индиските власти трагаат по уште 18 лица вмешани во нападите, кои сè уште се во бегство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...