Мајкрософт: Кина ќе користи вештачка интелигенција за да ги попречи изборите во САД, Јужна Кореја и Индија

Кина веќе се обидела да спроведе кампања со дезинформации генерирани од вештачка интелигенција за време на претседателските избори во Тајван во јануари, велат од Мајкрософт - и тоа со користење на мемиња, видео и аудио содржини

-

Кина ќе се обиде да ги наруши изборите во САД, Јужна Кореја и Индија годинава со содржина генерирана од вештачка интелигенција, предупреди технолошката компанија „Мајкрософт“, а пренесе Гардијан.

Според извештајот на разузнавачкиот тим за закани, од компанијата соопштија дека очекуваат кибер-групите поддржани од кинеската држава да ги таргетираат изборите во 2024 година во големите држави, а вмешана е и Северна Кореја.

„Додека населението во Индија, Јужна Кореја и Соединетите држави се упатува кон гласачките места, веројатно ќе видиме кинески кибер и влијателни актери, а до одреден степен и севернокорејски кибер актери, кои работат на таргетирање на овие избори“, се вели во извештајот.

Мајкрософт вели дека Кина, во најмала рака, ќе создава и преку социјалните мрежи ќе дистрибуира содржини генерирани од вештачка интелигенција што ќе им оди во прилог на нејзините позиции во изборите.

Компанијата додаде дека влијанието на содржината направена со ВИ е мало, но предупреди дека тоа може да се промени.

„Додека влијанието на таквата содржина врз занишаната публика останува ниско, зголеменото експериментирање на Кина во уредувањето на мемиња, видеа и аудио ќе продолжи и може да се покаже ефективно во иднина“, велат од Мајкрософт.

Компанијата додаде дека Кина веќе се обидела да спроведе кампања со дезинформации генерирани од вештачка интелигенција за време на претседателските избори во Тајван во јануари.

Од Мајкрософт велат дека ова е првпат да видат ентитет поддржан од држава да користи содржина направена од ВИ во обид да влијае на странски избори.

Групи поддржани од Пекинг објавувале мемиња генерирани од вештачка интелигенција кои прикажувале содржини против Вилијам Лаи – кандидатот кој се залагаше за суверенитет на Тајван и ѝ се противеше на Кина. Преку мемињата се изнесувале неосновани тврдења против Лаи за проневера на државни средства. Забележана била и зголемена употреба на „телевизиски водители на вести“ генерирани од ВИ, тактика што ја користеше и Иран, при што „водителите“ изнесувале неосновани тврдења за приватниот живот на Лаи.

Мајкрософт рече дека водителите на вести биле создадени од алатката „Кепкат“ (CapCut) која е развиена од кинеската компанија „Бајт Денс“ – сопственикот на ТикТок.

Технолошката компанија рече дека кинеските групи продолжуваат да организираат кампањи за влијание во САД, при што страниците на социјалните мрежи се користат за да се поставуваат прашања со кои се прави поделба на населението и на американските гласачи.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...