Тајланд: Издаден налог за апсење на осомничениот за експлозијата кај пристаништетo

Тајландскиот суд издаде налог за апсење на неименуваниот маж, осомничен за нападот кој се случи кај пристаништето во Бангкок, ден после експлозијата во центарот на градот во која загинаа 20 лица.

Портпаролот на тајландската полиција, Правут Таворнсири рече дека на снимката од надзорната камера е воочена матна слика од непознат маж во сина маица како шутира торба во река во близина на пристаништето, непосредно после експлозијата.

Против осомничениот се поднесени три пријави, меѓу другото и за обид за убиство.

Експлозијата се случи на 18 август кај пристаништето за траекти, но никој не е повреден.