fbpx
Таг: налог

таг: налог

Кинескиот претседател во Москва, додека во Украина беснее војната

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг денеска е во посета на Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, која доаѓа само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд од Хаг го објави налогот за апсење на рускиот претседател поради основани сомневања за воени злосторства сторени во Украина, пишува Гардијан. Си Ѓинпинг пристигна во понеделник напладне. Тој рече дека Кина и Русија се...

Маск го врати суспендираниот Твитер-налог на Трамп

Твитер-налогот на Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, којшто беше суспендиран откако неговите приврзаници на 6 јануари минатата година го нападнаа Капитолот во исчекување на прогласувањето на Џо Бајден, противкандидатот на Трамп за победник на претседателските избори, е вратен. Ова е дело на новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, кој е најбогатиот човек на светот. Тој ја поништи забраната за...

Груевски негира дека од Виена дал налог за упад во Собранието

По одложувањето на расправата за случајот „Титаник“ во Кривичниот суд, поранешниот премиер Никола Груевски рече дека „интензивниот распоред на судења за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) е одраз на силен притисок, за да се дефокусира јавноста од актуелните теми во државата како што е спорот за името.“ - Како што можевте и денеска да видите, денеска се чувствуваше  притисокот којшто...

Русија издаде налог за апсење на Арсениј Јацењук

Локалниот суд во рускиот град Јесентук издаде налог за апсење на поранешниот украински премиер Арсени Јацењук. Според соопштението на судот, меѓународниот налог за апсење на Јацењук стапил на сила уште на 21 февруари. Јацењук како што се наведува, се бара поради обвинување дека учествувал во вооружена група во рускиот регион Северен Кавказ во средината на 1990 година, борејќи се против руските...

Обвинителството имало налог за претрес на домот, а не за приведување на Величковиќ

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска потврди дека вчера, по налог на судија за претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје, бил извршен претрес во домот на началникот на СВР Куманово, Стојанче Величковиќ, а во рамките на предистражна постапка што се води против началникот. „Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни...

СЈО ќе бара начин да ја деблокира истрагата за „Таргет“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и нејзините помошници обвинители наредните денови на состанок треба да решаваат што ќе преземат во врска со блокирањето на истрагата за случајот „Таргет“ од страна на Кривичниот суд, велат неофицијално за „Мета“ од СЈО. Она што е официјално е дека СЈО „нема право на жалба на одлуката“ на Кривичниот совет, до повисоките судски инстанци, односно...

Панчевски, Груевска-Илиевска и Башеска го блокираат СЈО во истрагите „Таргет“ и „Трезор“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од судиите Владимир Панчевски, како претседател на судот, и судијките Дијана Груевска-Илевска (заменик-претседател на судот н.з.) и Љубинка Башеска (судијката во случајот „Пуч“ н.з.), вторпат одбил да издаде наредба за да може Специјалното јавно обвинителство да изврши претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори во врска со случајот „Таргет“,...

Караџовски се пожали на притисок од медиумите врз судот

Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски, денеска на прес-конференција апелираше да престанат притисоците врз судската бранша. Тој речe дека какво било мешање и притисок од медиумите врз судиите е целосно спротивно на барањата на меѓународната заедница во оваа сфера, како и прекршување на меѓународните и на домашните стандарди. Караџовски изјави дека е недозволиво какво било влијание врз судските...

Новинарот Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад, се чека негова екстрадиција во земјава

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, денеска бил уапсен во Нови Сад, по налог на српското министерство за правда. Против него во ноември 2013 година беше издадена потерница како осомничен во случајот „Шпион“. Од македонското Министерство за правда за телевизијата „Телма“ потврдиле дека кај нив веќе стигнало решението за негова екстрадиција во земјава, но засега не е познат...

Тајланд: Издаден налог за апсење на осомничениот за експлозијата кај пристаништетo

Тајландскиот суд издаде налог за апсење на неименуваниот маж, осомничен за нападот кој се случи кај пристаништето во Бангкок, ден после експлозијата во центарот на градот во која загинаа 20 лица. Портпаролот на тајландската полиција, Правут Таворнсири рече дека на снимката од надзорната камера е воочена матна слика од непознат маж во сина маица како шутира торба во река во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...