fbpx
Таг: Суд

таг: Суд

Суд во Шведска ослободи Македонец, камионџиите на протест

Незадоволни од ослободителна пресуда за Македонец кој бил фатен додека возел со фалсификувани бугарски документи во Шведска, денеска повеќе шведски камионџии почнаа протест. Според најавите, камионџиите ќе ги паркираат своите тешки товарни возила на страничната лента од автопатите секој ден по 15 минути. Од здруженија на камионџиите тврдат дека протестот ќе трае до Божик. 44-годишниот Македонец беше ослободен од судот во Сундсвал,...

Почина обвинет во случајот „Шпион“

Зоран Костадиновски, четвртиот обвинет во случајот „Шпион“, починал и бил погребан на гробиштата во Драчево, потврдиле судски извори за „Нова ТВ“. Костадиновски, кој беше вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање, починал на 49-годишна возраст. Нему му беше определена мерка притвор и три месеци одлежа во Истражниот затвор во Шуто Оризари. По три месеци, притворот му бил заменет со куќен, а на претпоследното...

СДСМ: Драконската казна за Љубе Бошкоски е уште една политичка санкција

Драконската казна за Љубе Бошкоски е уште една политичка санкција, велат од СДСМ за пресудата изречена во случајот „Ровер“ против поранешниот министер за внатрешни работи. „Кривичниот суд денеска драконски го казни Љубе Бошковски и останатите обвинети, во судски процес за кој постојат сериозни сомнежи околу текот на постапката и за кој Апелацискиот суд ја укина првичната пресуда. Ваквите пресуди се нов доказ...

Денеска се очекува повторна пресуда за случајот „Ровер“

Денеска се очекува Судскиот совет да ја соопшти пресудата за случајот „Ровер“, во кој им се суди на вкупно десетмина обвинети, меѓу кои е и поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Обивнителството во текот на повтореното судење се откажа од гонење на петмина обвинети, поради недостиг на докази против нив. Повтореното судење за убиството на Марјан Тушевски и на Киро...

Парискиот облакодер заврши на суд

Градскиот совет на Париз денеска го отфрли спорниот проект за изградба на облакодер од 180 метри во еден париски кварт. Вкупно 83 советници гласаа „против“ проектот, додека 78 беа „за“, но општината соопшти дека конечната одлука ќе ја донесе судот бидејќи смета дека тајното гласање не е спроведено според прописите. - Законот не е почитуван бидејќи некои советници пред да го...

Загрепскиот суд ја прифатил гаранцијата на Бандиќ за излегување од притвор

Истражниот судија на загрепскиот жупаниски суд ја прифати гаранцијата што за бранење од слобода ја понудиле загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ и другите осомничени во аферата „Аграм“, кои сè уште се наоѓаат во затворот „Реметинeц“, пренесуваат хрватските медиуми. Истражниот судија, Зденко Посавац, на осомничените им забранил контакт со сведоци, но и да ги извршуваат своите професионални работни обврски, што во случајот на Бандиќ...

Притворен поранешниот заштитен сведок Златко Арсовски-„Бреза“

Златко Арсовски, поранешен заштитен сведок во случајот „Ореше“, под псевдонимот „Бреза“, е уапсен од полицијата и му е одреден притвор, по барање на Основниот суд во Велес, бидејќи осум месеци не се појавуваше на главната расправа, каде што е обвинет за лажно сведочење, пишува дневниот весник „Вест“. - Во текот на средата попладне, Основниот суд од Велес бил известен дека...

Судот во Хаг ќе одлучува за сопственоста на Јени џамија во Битола

ИВЗ ќе бара од меѓународниот суд во Хаг да пресуди за сопственоста на Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола. ИВЗ ја тужи државата Република Македонија за да си го врати во владение овој верски објект. Заводот и музеј Битола, пак, најави дека џамијата за многу кратко време ќе стане музеј со галериски простор. Битолското муфтивство тврди дека...

Светски карикатуристи го исмеаја Ердоган

Светски познати карикатуристи почнаа кампања за исмејување на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, откако турскиот суд го осуди на девет години затвор карикатуристот Муса Карт. Интернет-кампањата вчера ја почна карикатуристот на „Гардијан“, „Индипендент“ и на „Индекс он цензоршип“, Мартин Роусон, откако Карт повторно се појави пред судот. Ердоган ја поднесе тужбата протв Карт поради карикатурата во дневниот весник „Кумхуријет“, објавена...

Грција: 77 години затвор за предизвикувачите на пожарот на Пелопонез

Судот во Грција им изрече затворска казна од вкупно 77 години на четворицата обвинети за пожарот на полуостровот Пелопонез во 2007 година, кој однесе 36 животи. Како што јавуваат грчките медиуми, секој од обвинетите доби повеќе од 10 години затвор. Еден од обвинетите е поранешен локален управник, додека другите тројца се поранешен градоначалник, шумар и жител на регионот што беше зафатен со пожарот.

Отворена адвокатска канцеларија во Апелацискиот суд Скопје

Kанцеларија наменета за адвокати во зградата на Апелацискиот суд Скопје денеска отвори Адвокатската комора на Република Македонија. Претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски, рече дека ова е дел од заложбите на комората за враќање на адвокатурата на вистинското место, каде што припаѓа.

Европскиот суд пресуди: Нема социјална помош за секого

Европскиот суд за правда во Луксембург денеска објави пресуда со која невработени европски граѓани нема повеќе да можат да уживаат социјална помош во земја-членка на Европска Унија каде немаат работен стаж или не бараат активно работа. Одлуката е донесена откако германски суд одбил да ѝ даде социјална помош за Романка, Елизабета Дано, која се преселила во Германија заедно со својот син,...

Судот потпиша, телото на Дениса викендов ќе пристигне од Грција

се очекува Институтот за судска медицина да направи нова ДНК анализа
Дозволата за транспорт на телото на Дениса Маркоска, од Грција во Македонија, ќе биде издадена денеска од судот на Родос, јавува дописникот на МРТ од Атина. Од судот за МРТ изјавиле дека судијата од Родос денеска ќе ја издаде дозволата иако, според првичните најави, телото на Маркоска требаше да пристигне во Македонија уште пред два дена. По пристигнувањето во Македонија, се...

Уапсени крадец и педофил барани со потерница

Полицијата изминативе два дена уапсила две лица кои се барале со потреница за издржување на неколкугодишни затворски казни, од кои едниот за кривично дело полов напад врз малоленик. Како што информираат од МВР, вчера екипа на скопската полиција го уапсила четириесет и шестгодишниот Африм Р. од Скопје, кој по судска наредба се барал за издржување затворска казна од 11 години...

Денеска продолжува судскиот процес Канческа-Милевска против Шилегов

Канческа-Милевска го тужи Шилегов за неговите изјави во врска со изградбата на новиот објект на театарот во Скопје
Денеска со распит на странки во Основниот суд Скопје 2, треба да продолжи судењето по тужбата на министерката Елизабета Канческа-Милевска против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Последното рочиште за ова судење беше откажано поради отсутност од здравствени проблеми на судијката што го води процесот. Канческа-Милевска го тужи Шилегов за неговите изјави во врска со изградбата на новиот објект на театарот во Скопје.

Европскиот суд ќе пресуди дали ИП-адресите се лични податоци

Европскиот суд ќе треба да одлучи дали ИП-адресите ќе се сметаат за лични податоци, откако германскиот федерален суд одлучи да ја префрли надлежноста на Европскиот суд на правдата на ЕУ. - Пресудата на судот ќе биде од клучно значење за тековната дебата за реформите на законот за заштита на податоци на ЕУ, како за практиката на интернет-страниците да ги следат...

Судски експерти од Велика Британија во посета на Македонија

Гости од Фондацијата „Слин“ од Лондон и од Комисијата за назначување судии во Англија и во Велс, престојуваат во дводневна официјална посета на Академијата за судии и за јавни обвинители „Павел Шатев“. Во текот на посетата, ќе се реализира советување, што ќе се одржи во просториите на Академијата за судии и за јавни обвинители, на тема: „Компаративните искуства во системот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...