fbpx
Таг: Суд

таг: Суд

Заложничка драма во судот во Истанбул, киднапиран јавниот обвинител

Левичарската турска група ДХКП/Ц го држи како заложник обвинителот кој работи на случајот со 15-годишното момче кое почина откако полицијата со гас ги нападна демонстрантите. Обвинителот ја води истрагата за 15-годишниот Беркин Елван, кој почина минатата година во март, по девет месеци кома. Елван доби тешки повреди за време на минатогодишните антивладини протести. Турскиот премиер свика итна средба со министерот за...

Битолската приказна ВМРО против ВМРО заврши на суд

Битолската приказна ВМРО против ВМРО заврши со судски спор и отштета вредна милиони денари. Актерите во оваа приказна беа ЈП „Водовод“ и ЈП „Стрежево“ од Битола, кои иако и двете ги раководеа кадри на владејачката ВМРО- ДПМНЕ и високи функционери на власта, сепак за испорачана, а не исплатена вода наместо да се разберат на маса, завршија на суд. ЈП „Стрежево“...

Шпанскиот суд одби кауција за џихадистите

Судот во Шпанија ја отфрли можноста за кауција на седумте осомничени припадници на џихадистичка ќелија која, наводно, барала извршување напади во земјата и регрутирала борци за Исламска држава во Ирак и во Сирија. Судијата на Националниот суд, Хавиер Гомез Бермудез, ги испитал осомничените, по што еден од нив ослободил, додека на другите им го продолжил притворот. Бермудез ќе донесе одлука дали истрагата...

Одбиено барањето на адвокатот на Писториус

Јужноафриканскиот суд го отфрли барањето на адвокатот на Оскар Писториус да не биде прифатена жалбата на обвинителството, кое бара поостра казна за параолимпиецот. Писториус служи петгодишна затворска казна за убиство од небрежност на својата девојка Рива Стенкемп во февруари 2013 година. Обвинителството се жали на судската пресуда и бара таа да биде коригирана во убиство со предумисла, со што Писториус би останал во...

Судскиот совет на Република Македонија ќе избира претседател

Судскиот совет на Република Македонија денеска на седница ќе избира претседател. Двегодишниот мандат на претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска, истече на 20 декември 2014 година.

Египетски суд го прогласи Хамас за терористичка организација

Египетски суд денеска ја прогласи палестинската организација Хамас, која го контролира појасот Газа, за терористичка организација. Пресудата ја донел египетскиот Суд за итни постапки, со кој претседава судијата Мохамед ел-Сајед. Египетскиот суд минатиот месец го забрани дејствувањето на военото крило на Хамас, бригадата Изедин ал-Касам, која, исто така, е прогласена за терористичка оргнизација. Денешната пресуда дополнително ќе го изолира Хамас, кој...

Затворски казни за случајот „Ореше“

Пресуда во случајот „Ореше“ попладнево донесе Основниот суд во Велес. Ѓоре Петровски, кој беше обвинет дека го нарачал убиството на Лазо Милошевски во 2005 година, доби затворска казна од 13 години, а по 10 години добија браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски. Судот го прифати обвинението дека Петровски го нарачал и го платил убиството на Лазо Милошевски, со кого бил скаран години наназад,...

Експлозија пред скопскиот суд, причинета мала материјална штета

Вечерва имало експлозија во близина на основниот суд Скопје 2, потврдија за „Мета“ од МВР. Оттаму велат дека нивните екипи излегле на терен, а увидот сè уште трае. Според првичните сознанија, нема голема материјална штета. Повеќе информации полицијата најавува за утре.

Протест на роднините на осудените во „Детонатор“

Роднините на осудените во случајот „Детонатор“ денеска излегоа на протест и два часа го блокираа патниот правец Кочани - Виница, јави дописникот на „Мета“ од Штип. Тие изјавија дека во случајот се осудени невини луѓе и обвинија дека „судските одлуки биле донесени од страв или под притисок“. - Нашите најмили се жртви на еден криминалец и нема да се откажеме од...

Советот за етика во медиумите бара итно ослободување на Кежаровски

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ја осуди пресудата на Апелацискиот суд за новинарот Томислав Кежаровски и неговото експресно префрлање од домашен притвор во затворот „Скопје“. „Сметаме дека со ваквата одлука се испраќа порака за самоцензура до сите новинари во земјава. Етичките принципи на новинарството можат да се бранат и да се одржуваат единствено кога на новинарите...

Новинарот Кежаровски експресно префрлен од притвор во затвор

Новинарот Томислав Кежаровски, кому вчера Апелацискиот суд му ја намали казната затвор на две години, вечерва е префрлен во затворот во Шутка. Ова го потврди и неговата сопруга, која тоа го објави на својот фејсбук-профил. „Скандалозна и политичка, а не судска одлука“, е ставот на новинарските здруженија и на новинарите по објавувањето на пресудата на Апелацискиот суд, со која новинарот Томислав Кежаровски...

Вранишковски ќе излезе, што за возврат ќе добие МПЦ?

Повикот на Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) до надлежните власти во државата за милост кон расчинетиот владика Јован Вранишковски, во име на „повисоки цели“, за краток период го најде своето откровение. По одлежани три години и два месеци или повеќе од половина од пет и полгодишната затворска казна, Вранишковски за една недела треба да излезе...

Ѓорѓиев: Одлуката за Вранишковски е на судот, а не на Владата

Судската, а не извршната власт ја има донесено одлуката за условен отпуст на Јован Вранишковски, соопшти портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. - Како Влада, ќе ја почитуваме одлуката на судот, а за мотивите, причините и за околностите што довеле до оваа одлука, целисходно е да се обратите кон органот што ја донел, а тоа е судот - препорача Ѓорѓиев, додавајќи дека Владата принципиелно...

Скандал во Бакингам: Принцот Ендру имал секс-робинка?!

Англиското кралско семејство го тресе скандал откако во јавноста излезе приказна дека принцот Ендру, војводата од Јорк, синот на кралицата Елизабета Втора и на принцот Филип, имал сексуални односи со малолетна девојка која била присилена на тоа. Во американскиот суд, неименувана жена сведочела дека еден инвестициски банкар ја „позајмувал“ на неговите богати и моќни пријалети како „сексуална робинка“ и дека неколкупати...

Орангнутанот Сандра доби човекови права

Аргентинскиот суд одлучи дека суматранскиот орангутан Сандра, кој 20 години мина во зоолошката градина во Буенос Аирес, треба да се признае како личност со права на слободи. Според одлуката, која судиите ја потпишаа едногласно, Сандра треба да биде ослободен од заробеништво и да биде префрлена во природна средина во Бразил. Судот утврди дека приматите, иако не се луѓе, сепак имаат...

Групата на Красниќи осудена на 58 години затвор

Кондовецот Агим Красниќи и неговите соработници, Кривичен суд ги прогласи за виновни дека подготвувале тероризам во 2005 година. Тие се осудени дека го држеа Кондово под опсада. Иако две години подоцна групата беше ослободена, денеска судот им изрече речиси 58 години затвор на десет обвинети. Според пресудата, оваа група во Кондово заеднички подготвувала извршување на тероризам и со намера да ја загрозат...

Словенија: Уставниот суд го пушти Јанша од затвор

Уставниот суд на Словенија денеска одлучи претседателот на Словенската демократска партија и поранешен премиер, Јанез Јанша, да излезе од затвор. Како што јавуваат словенечките медиуми, Уставниот суд одлучил привремено да се одложи извршувањето на пресудата во предметот „Патриа“ до конечната одлука. Реагирајќи на пуштањето на Јанша од затвор, премиерот Миро Церар рече дека неговата партија и тој лично ќе ги почитуваат...

Стразбур реши 25 години стар случај на Македонци

Цели 25 години, поширокото семејство Штерјови од Штип се обидувало да си ја врати земјата што му била одземена во периодот на колективизацијата во минатиот век. На крај, процесот го загубило, но, правдата ја нашло во Стразбур, во Судот за човекови права. Во 1982 година, преку суд, четворицата браќа Штерјови побарале државата да им ја врати земјата што на нивниот...

Судот во Египет ја забрани ИСИС

Египетскиот суд го забрани движењето Исламска држава (ИСИС) и ја прогласи за терористичка организација. Судот наведе дека и сите останати групи кои се заколнале на верност на ИСИС, се сметаат за терористички организации. Египетската влада не може да прогласи ниту една група за терористичка без судска пресуда. Минатата недела кабинетот одобри нов закон за борба против тероризмот. Според член 1 од...

Мубарак ослободен од обвиненијата

Мубарак е ослободен од обвиненијата за корупција при набавувањето природен гас од Израел, како и од обвинението дека учествувал во масовното убиство на демонстранти за време на немирите, гласи дел од пресудата за поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, во повтореното судење, четири години по неговото симнување од власт. Според сè уште неофицијални информации, повлечени се и обвиненијата за убиства. Поранешниот претседател...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...