fbpx

Судот во Египет ја забрани ИСИС

-

Египетскиот суд го забрани движењето Исламска држава (ИСИС) и ја прогласи за терористичка организација. Судот наведе дека и сите останати групи кои се заколнале на верност на ИСИС, се сметаат за терористички организации.

Египетската влада не може да прогласи ниту една група за терористичка без судска пресуда. Минатата недела кабинетот одобри нов закон за борба против тероризмот.

Според член 1 од законот, терористичка организација е која било група што го нарушува јавниот ред или ја загрозува безбедноста, сигурноста или интересите на општеството или на поединци или, пак, се заканува по нивните животи, слободи, права и безбедност и му штети на националното единство.

Џихадистичката група од Синајскиот Полуостров, Освојувачи на Ерусалим, на почетокот од месецов објавија верност на Исламска држава, која во јуни прогласи калифат на териториите што ги контролира во Сирија и во Ирак и побара лојалност од муслиманите во светот.

Позициите на исламистите од крајот на септември се на мета на воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...