fbpx

Заев: Не го признавам судот, можат да ме уапсат веднаш

-

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на денешната прес-конференција изјави дека нема да ја почитува одлуката на судот за случајот „Пуч“. Тој истакна дека нема да се јавува секој понеделник во судот во 9 часот, како и дека нема да присуствува на закажаните рочишта. Според него, поради тоа судот треба да издаде наредба за негово апсење.

– Јас ќе бидам во седиштето на СДСМ или во Кампот на слободата – изјави Заев.

Заев рече дека преговорите со власта и со Груевски ќе продолжат, без разлика на политичката одлука на судот. На прашање како ќе се одржуваат преговорите ако тој биде во притвор, претседателот на СДСМ изјави дека најверојатно ќе се среќаваат во притоворот во Шутка.

Тој демантираше дека има тајни преговори со власта, но кажа дека има средби на сите партиски нивоа. Според него, до крајот на неделата ќе завршат сите преговори и средби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...