fbpx

Египетскиот суд го осуди Морси на 20 години затвор

-

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси денеска е осуден на 20 години затвор. Судот во Каиро му изрече казна на Морси по обвинението за убиство на демонстранти во декември 2012 година, кога беше на власт.

Пред судењето, се шпекулираше дека Морси се соочува со смртна казна, што би претставувало симболичен удар за движењето Муслимански браќа, на кое му припаѓа Морси и против кое Владата води кампања откако го урна неговиот режим во јули 2013 година.

Пред изрекување на пресудата за Морси, Муслиманско братство го критикуваше египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и повика на протести како знак на поддршка на соборениот претседател.

Морси, исто така, се соочува со смртна казна во уште два судски процеси, вклучувајќи ги и обвиненијата за шпионажа во полза на странски служби.
Одвоените пресуди за двата случаи треба да бидат изречени на 16 мај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...