fbpx

Шефик Дураки: Револтиран сум од тоа како владеат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

-

Начинот на кој владеат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ секако дека е една од причините на моето незадоволство, изјави за новинската агенција „Мета“, Шефик Дураки, заменик-претседател на разгранокот на ДУИ во Арачиново, кој во неделата си поднесе оставка на функцијата.

– Коалициите се резултат на волјата на мнозинството граѓани Македонци и мнозинството Албанци. Оваа практика кај нас, во Македонија, функционира како непишано правило уште од 2008 година и тоа по заслуга само на ДУИ. Поради тоа, состојбата не зависи од волјата на поединци. Но, начинот на кој владеат и како ја практикуваат власта може да се каже дека е една од причините на незадоволството – вели Дураки.

Викендот што измина, за само едно деноноќие, тројца функционери на ДУИ, Шефик Дураки, Арбен Лабеништа и Хазби Лика, поднесоа оставки, двајца од раководни места во партијата и еден од јавна функција, заменик-министер за одбрана.

Дураки, заменик-претседател на разгранокот на ДУИ во Арачиново, последен од тројцата поднесе оставка од партиските функции.

Чекорот го повлече заменик-министерот за одбрана, Арбен Лабеништа, кој се откажа и од партиските и од јавните функции. Оставка поднесе и организацискиот секретар на партијата, Хазби Лика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...