fbpx
Таг: Стево Пендаровски

таг: Стево Пендаровски

Пендаровски-Рикер: Натамошното јакнење на стратешкото партнерство е во интерес на двете земји

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања. На средбата било разговарано за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија, за унапредување на односите со САД, за интеграцијата во ЕУ, како и за актуелните состојби во регионот. Соговорниците ги потврдиле партнерските односи...

Милановиќ и Пендаровски со остри критики: Што би било Хрватска да ги оспорува црногорскиот или босанскиот јазик?

Голем број критики кон однесувањето на Бугарија, но и кон португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закариаш, која изјави дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик, но и кон однесувањето на еврокомесарот Оливер Вархеји во однос на македонското прашање и спорот на земјава со Бугарија упати хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со својот македонски колега...

Пендаровски во посета на Загреб: Претседателот Милановиќ ја потврди поддршката за евроинтеграција на земјава

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ја започна дводневната официјална посета на Хрватска. Тој во Загреб со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Милановиќ, делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска одржале пленарен состанок за...

По 19 години, заврши учеството на АРМ во мировната мисија во Авганистан

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две децении долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и  „Одлучна поддршка’ во Авганистан. По повод завршувањето на учеството на Армијата во Авганистан, денеска во касарната „Илинден“ се одржа свечена церемонија на која...

Со стипендијата „Борис Трајковски“, младите добиваат шанса за студирање на „Сити Колеџот“ во Солун

Претседателот Стево Пендаровски, министерката за образование и наука, Мила Царовска и претседателот на Сити Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Јанис Верверидис, денеска потпишаа протокол за соработка за доделување стипендии „Борис Трајковски” за академската 2021/2022 година, соопштија од претседателскиот кабинет. Протоколот предвидува соработка за следната академска година, со цел да се обезбедат дваесет стипендии за Пан-европската Извршна МБА програма,...

Пендаровски: ЕУ не може да биде клучен геополитички играч додека носи одлуки со консензус

Клучниот проблем на Европската унија е носењето на одлуки со консензус. Без да се промени тоа, Унијата не може да биде клучен геополитички играч. Поради тоа расте евроскептицизмот во регионот на Западен Балкан и во Северна Македонија, но и во самата ЕУ, што е поразително. Ова го посочи претседателот Стево Пендаровски на денешната панел дискусија: „Триесет години независност и...

Средба на претседателот Пендаровски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Турција, денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх. На средбата се разговараше за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии. Во таа насока, Пендаровски ја истакна важноста...

Претседателот Пендаровски му подари на Папата Франциск дрес од македонската фудбалска репрезентација

На денешната аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, претседателот Стево Пендаровски на Папата Франциск му подарил дрес од македонската фудбалска репрезентација, објави шефот на македонската држава на својата официјална Фејсбук-страница. Според објавата за денешната аудиенција, првиот човек на државата вели дека е потврдено искреното пријателство и длабоките врски меѓу Светата Столица и Република Северна Македонија. „Добивме поддршка и благослов да продолжиме...

Пендаровски и Радев оптимисти по средбата на скопскиот аеродром: Има заедничка волја за развој на односите

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и неговиот бугарски колега, претседателот Румен Радев напладне одржаа кратка средба на скопскиот аеродром, од каде што со бугарскиот државен заеднички авион ќе патуваат во Рим, за заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј. Во кратките изјави по средбата, Пендаровски рече дека нема  исход од таа средба, оти станувало збор за пријателска кафе пауза,...

„Без книга сите народи се голи“- честитка на Пендаровски, по повод Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, како и повеќе политички партии, министерства и институции, денеска упатија честитки по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и положија цвеќе на нивниот споменик пред Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. „Свети Кирил вели дека: „без книга сите народи се голи“...

Пендаровски со честитка по повод 23. Мај, Националниот ден на Власите

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, на 23. Мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на влашката заедница во државава. „Дозволете да ви го честитам Националниот ден на Власите и да ви посакам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост и со среќа. Токму на овој ден, пред 116 години,...

Промоција на „Проглас“ од Константин Философ – Св. Кирил и изложба „По трагите на Светите Кирил и Методиј“

Денешната промоција на печатеното издание на „Проглас“ од Константин Философ – Св. Кирил и отворањето на изложбата „По трагите на Светите Кирил и Методиј“, се дел од содржините за одбележување на празникот 24 мај – Ден на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, организирани заедно со Словачка. Во своето обраќање на промоцијата, премиерот Зоран Заев рече дека мисијата на Светите...

Претседателот Пендаровски се вакцинираше во Куманово, порача да се пријават сите граѓани

Претседателот Стево Пендаровски денеска во вакциналниот пункт на ЈЗУ Здравствен дом Куманово, во спортската сала на СОУ "Перо Наков", прими вакцина против ковид-19. Во согласност со националната кампања за вакцинација, претседателот Пендаровски одлучи заедно со членови од Кабинетот да се вакцинира во оваа општина со цел да ја подигне јавната свест за потребата од масовна вакцинација, информираат од Кабинетот...

Пендаровски оствари средба со словенечкиот и хрватскиот претседател Пахор и Милановиќ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во рамки на учеството на самитот на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ, оствари одделни средби со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор и со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. На средбата со претседателот Пахор, претседателот Пендаровски истакнал дека земјава силно ги вреднува одлучноста и поддршката од Словенија...

Заев најави дека ќе се земат предвид забелешките на Пендаровски и граѓаните за Законот за дивоградбите

Во Парламентот повторно ќе дискутираме за Законот за легализација на дивоградби, зашто ако застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50.000 домови на граѓаните, изјави денеска премиерот Зоран Заев откако вчера претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување...

Пендаровски не го потпиша Законот за дивоградби, смета дека е затскриена амнестија за криминалци

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Пендаровски вели дека ваквата одлука ја донел врз основа на детална анализа на текстот на Законот, при што утврдил дека е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот. Претседателот...

Граѓанските организации побараа од Пендаровски да не го потпишува законот за дивоградби

Граѓанските организации „О2 Иницијатива“, „Еко-свест“ и Светскиот фонд за природа апелираа до претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува указот за прогласување на спорниот Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и да го врати во Собранието. Екологистите, во своето барање, поддржано од уште 22 граѓански организации, бараат законот да се донесе во редовна постапка и...

Пендаровски и Зурабишвили положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ [Галерија]

Во рамки на официјалната посета на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, на Република Северна Македонија, таа заедно со претседателот Стево Пендаровски положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. По завршувањето на церемонијата, претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ја посетија спомен-собата на Гоце Делчев, каде им беше презентиран саркофагот со кој се пренесени моштите на...

Прв ден од посетата на претседателката на Грузија на земјава, потпишан договорот за безвизен режим

Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, информираат од претседателскиот кабинет. Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржа пленарен состанок на официјалните делегации, беа потпишани Спогодба меѓу Република...

Мицкоски и Пендаровски на различен колосек по вчерашната средба за настаните за 27 април

Кој што кажал внатре на средбата и надвор пред телевизиските камери, причина за денешните реакции на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот Стево Пендаровски. Упадот во Собранието на 27 април 2017 година и казните за осудените лица остануваат централна точка на расправа меѓу нив. Мицкоски во врска со вчерашната средба со претседателот Стево Пендаровски, рече дека Пендаровски изнел различен...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...