fbpx

Пендаровски со честитка по повод 23. Мај, Националниот ден на Власите

-

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, на 23. Мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до сите припадници на влашката заедница во државава.

„Дозволете да ви го честитам Националниот ден на Власите и да ви посакам празникот да го поминете, пред сè, во добро здравје, исполнет со радост и со среќа. Токму на овој ден, пред 116 години, Власите за првпат во Отоманско Царство беа признати како народ и добија можност за образование и за богослужба на својот мајчин јазик. Негувањето на етничкиот, јазичниот и културниот идентитет е континуиран процес кој никогаш не завршува. Традицијата и обичаите на Власите се длабоко вткаени во нашето мултикултурно и мултиетничко општество“, рече Пендаровски во својата честитка. Тој посочи дека со масовната имунизација, конечно се наѕира крајот на пандемијата и препорача да се продолжи со одговорноста и дисциплината за што  поскоро враќање во нормалното секојдневие.

Честитки за празникот упати и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој изрази почит и благодарност за придонесот на Власите во општеството, како низ историјата, така и во сегашноста и иднина. „Република Северна Македонија ја градиме заеднички, справувајќи се со сите предизвици, сплотени креираме еднакво општество кое ќе понуди еднакви можности за убав и квалитетен живот на сите граѓани и на идните поколенија“, посочи тој во својата честитка, додавајќи дека се надева оти ќе се сочува и понатаму ќе се промовира посебноста на влашката заедница, што е во прилог на збогатувањето на општествениот живот во земјата.

Честитки за Националниот ден на Власите, упатија и од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и други политички партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...