fbpx

Средба на претседателот Пендаровски со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

-

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Турција, денеска во Истанбул оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх. На средбата се разговараше за состојбите во православниот свет, улогата на Вселенската Патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии. Во таа насока, Пендаровски ја истакна важноста на улогата на Вселенскиот Патријарх во поттикнувањето дијалог за сите отворени прашања во православниот свет, соопштија од претседателскиот кабинет.

Покрај ова, се разговарало и за решавањето на статусот на Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија, при што Пендаровски потенцирал дека Вселенскиот Патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор. Истовремено, претседателот повика на што поскоро надминување на спорот, затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет, боли во целиот православен свет.

На средбата биле разменети мислења за состојбите во регионот поврзани со актуелните случувања со интеграцијата на земјите во ЕУ, при што Патријархот Вартоломеј нагласил дека го поддржува членството на Северна Македонија во ЕУ, кое преку исполнување на критериумите, би донело подобар живот, зголемена солидарност и толеранција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...