Милановиќ и Пендаровски со остри критики: Што би било Хрватска да ги оспорува црногорскиот или босанскиот јазик?

-

Голем број критики кон однесувањето на Бугарија, но и кон португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закариаш, која изјави дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик, но и кон однесувањето на еврокомесарот Оливер Вархеји во однос на македонското прашање и спорот на земјава со Бугарија упати хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со својот македонски колега Стево Пендаровски, кој денеска допатува во дводневна посета на Хрватска. И самиот Пендаровски ги критикуваше ваквите настапи.

Како што извести хрватски „Тпортал“, Милановиќ порача дека „необјасниво долго и непаметно долго“ се чека на почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и дека тој има надеж во Словенија, за која е сигурен дека ќе биде „објективна и пријателски настроена земја“, со што се согласува и Пендаровски.

„Словенија, покрај Хрватска, најдобро од сите членки на ЕУ ја разбира ситуацијата на Западен Балкан“, рече Пендаровски, нагласувајќи дека „предвид треба да биде земена секоја поединечна заслуга“ и дека „никогаш не му се допаѓало некој да оди напред и назад во пакет“.

Коментирајќи ја изјавата на португалската државна секретарка Закариаш, Пендаровски искоментира: „Од историчарите што се занимаваат со политика, полоши се само политичарите што се обидуваат да бидат историчари“.

Надоврзувајќи се на тоа, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека проблемот со непризнавањето на македонскиот јазик е несфатлив.

„Што би било кога Хрватска би го ставила во прашање црногорскиот јазик или бошњачкиот јазик. До вчера беа босански муслимани или само Муслимани. Ние тоа го прифативме, едноставно затоа што тоа го прифаќаш. Тешко можеш некому да му го одземеш правото да се нарекува со некои име и јазикот да го нарекува со тоа име. Така, за мене бошњачкиот јазик е најнормална работа. Што би било кога би го оспорувале. Тоа е погрешно и неморално. Мотивите на Бугарија се опортунистички, односно од внатрешно политичка природа, а изјавата на португалската функционерка е израз на незнаење и невнимание“, порача претседателот на Хрватска.

Милановиќ недвосмислено ја критикуваше Бугарија.

„Кога ќе почнете да влегувате во нечиј интимен простор, во така деликатни работи како што е идентитет, право на име, право на јазик, тоа никогаш не завршува добро“, рече хрватскиот претседател, коментирајќи дека ако со таквата политика Бугарија сака да привлече внимание на себе за што поскоро да стане членка на Шенген, тоа е погрешно, односно не е ефикасен начин и правец на дејствување.

Коментирајќи ја пак изјавата на еврокомесарот Оливер Вархеји од мај дека ЕУ ќе ја разгледа опцијата за разделување на Северна Македонија и Албанија ако Бугарија продолжи со блокада, хрватскиот претседател рече дека тоа не е изјава на Европската Комисија, туку изјава на еден човек што е претставник на една политичка опција во Комисијата, и тоа не е добро.

„Дали државата од која доаѓа тој еврокомесар денеска воопшто би можела да почне преговори за членство во ЕУ? Па не би ги пуштиле ни на бриселскиот аеродром!“, рече Милановиќ.

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што се приклучил...

Magic: The Gathering карта од новата едиција на Final Fantasy доби обид за продажба по цена од 50.000 долари

Картата „Golden Traveling Chocobo“ доби обид за продажба од 50.000 долари на eBay. Се работи за најнов кросовер помеѓу Magic: The Gathering и Final Fantasy серијалот, едицијата што излезе на 13...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде...