петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: состанок | 162 резултати

Пендаровски домаќин на состанокот на лидерите на земјите-учеснички во процесот Брдо-Бриони

11 септември 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Скопје е домаќин на состанокот на лидерите на земјите-учеснички во процесот Брдо-Бриони, заедно со претседателите на Република Хрватска и на Република Словенија, Зоран Милановиќ и Наташа Пирц Мусар. Во фокусот на денешните разговори се евроинтеграциите на државите од Западен Балкан, младинските политики и климатските промени. „Во тој контекст, лидерите дискутираат […]

Шаќири: Ќе превенираме несакани настани како во соседна Србија

5 мај 2023

Експерти од областа на педагогијата, социологијата, безбедносните науки, психологијата денеска дискутираа за тоа како да се надополнат постоечките механизми за да може подобро да се детектира и спречи врсничко насилство, но и да се промени пристапот за работа со деца со асоцијално однесување. „Денеска дискутиравме за да видиме што е она што можеме да го […]

Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација: ЕУ бара напредок во реформите и дава поддршка

17 март 2023

Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи од процесот на проширување, како и процесот за стабилизација и асоцијација. Постојните билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, треба да бидат спроведени со добра волја, e една од главните […]

Лајчак вели дека Вучиќ и Курти ги очекува анекс на предложениот договор Белград-Приштина

16 март 2023

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека српската и косовската делегација на состанокот во Охрид ќе ги очекува разговор за анексот на основниот француско-германски договор за Косово и за неговата имплементација, пренесува Б-92. Инаку, делот со формулацијата на Заедницата на српски општини треба да биде предмет на нов […]

Пред состанокот во Охрид: Курти за европскиот предлог, за Брнабиќ ЕУ е стратешка цел за Србија

8 март 2023

Пред состанокот меѓу Србија и Косово што ќе се одржи на 18 март во Охрид, највисоките официјални претставници излегоа со изјави во врска со очекувањата од овој важен настан. Косовскиот премиер Албин Курти денеска повтори дека е подготвен да го потпише европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јавува Радио-телевизија Косово. Курти […]

Зеленски очекува силни одлуки од денешната средба на сојузниците за обезбедување нова воена помош

20 јануари 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата влада очекува „силни одлуки“ од сојузничките земји за време на денешниот состанок на лидерите на НАТО и другите земји што ќе се одржи во воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија, пренесува Гардијан. На најавениот состанок треба да се договори зајакнување на воената опременост на Украина со испорака на модерни […]

НАТО на состанок во Букурешт, САД ќе објават нова значајна помош за Украина

29 ноември 2022

САД ќе објават нова „значителна“ помош за Украина за време на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, кои денеска и утре ќе се сретнат во Романија, пишува весникот Гардијан. Очекувањата се дека САД ќе објават финансиска помош за Украина за да ѝ помогнат да се справи со штетите предизвикани од руските […]

Светот паѓа на тестот за емисиите на штетни гасови

27 октомври 2022

Во 2018 година, научниците на Обединетите нации (ОН) од областа на климата и климатските промени, предупредија дека ако светот сака да го спречи зголемувањето на глобалните просечни температури за повеќе од 1,5 степени целзиусови, ќе мора да исполни една од целите на Парискиот климатски договор – човештвото да ги намали емисиите на штетни гасови на […]

Европската политичка заедница во зародиш, во Прага денеска се одржува првиот состанок

6 октомври 2022

Идејата за создавање на Европска политичка заедница, која што беше за првпат соопштена во мај годинава од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, добива своја практична реализација со одржувањето на првиот состанок денеска во Прага. Лидерите на 44 земји од европскиот континент, со исклучок на Русија и Белорусија, ќе се соберат на состанок за да […]

Не се очекуваат ценовни шокови во земјава, владата и компаниите ги следат движењата на берзите

6 октомври 2021

Стопанствениците и владата будно ќе ги следат движењата на берзите во светот и ќе се преземат мерки доколку е потребно, за да не дојде до ценовни шокови во земјава во наредниот период, се согласуваат стопанствениците и централната власт. Вчеравечер во Владата, на барање на Стопанската Комора на Северна Македонија се оствари средба со заменикот на […]

Османи ја собра европската дипломатска мрежа на амбасадорски состанок

13 јули 2021

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден тематски работен состанок со Амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ, информираат од Министерство за надворешни работи. Состанокот се одржа на самиот почеток на словенечкото претседателство со ЕУ, што беше и главна тема на состанокот. „Следниот период, идните дипломатските делувања во […]

Регулаторите и ДПИ ги анализираат податоците за увоз на штетниот мазут, конечните одлуки утре

8 јуни 2021

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека во тек е подготвителен состанок за состојбата со мазутот, на кој утринава присуствуваат и претставници од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). На состанокот е договорено ДПИ да достави дополнителни документи за да може РКЕ да има целосен пресек на состојбата во однос на мазутот. Во […]

Шекеринска на состанок на министрите за одбрана на НАТО: Последни подготовки за Самитот во Брисел

1 јуни 2021

Денеска во попладневните часови, Северноатлантскиот совет одржува состанок во две одделни сесии на ниво на министри за надворешни работи и министри за одбрана на кои ќе учествуваат министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, информираат од Министерство за одбрана. „Целта на состанокот на Северноатлантскиот совет е финализирање на подготовките за […]

НБРСМ сѐ повеќе ќе финансира проекти за „зелена“ економија

29 јануари 2021

Централните банки почнуваат сѐ повеќе да инвестираат и во финансиски инструменти за финансирање на проекти што придонесуваат за создавање „зелена“ и одржлива економија. Во овој контекст се и последните измени што ги направи и Народната банка на Северна Македонија (НБРСМ) во декември, во рамки на стратегискиот план, при што во наредниот период се предвидуваат истражувачки […]

Одржан последниот јавен состанок на АВМУ за 2020 година

25 декември 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го одржа последниот јавен состанок за 2020 година, кој поради актуелната состојба со корона вирусот, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на АВМУ Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. „Учесниците имаа можност да […]

Порталб: Во Тетово сообраќајниот хаос останува проблематичен, загрозени се и учениците

9 октомври 2020

Припадници на неколку јавни институции и невладини организации вчера одржаа состанок во Тетово за да разговараат за безбедноста на учениците во училиштата. Еден од најголемите проблеми кој беше посебно истакнат е густиот сообраќај во градот, што според еден од присутните директори „го загрозува животот на учениците“. За ова, припадникот на полицијата рече дека проблемот не […]

Со измени во Законот за градење ќе се бара од инвеститорот да наведе на што ќе се грее новиот објект

6 октомври 2020

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски, заедно со комесарот Атанаско Тунески денеска присуствуваа на работен состанок со Здружението на градежништво, индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Македонија, информираат од РКЕ. Дополнување на одобрението за градење со поле во кое задолжително ќе биде наведено точно на […]

Обврските во однос на изборите од 15 јули во фокусот на работењето на ААВМУ во третиот квартал

25 септември 2020

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска го одржа јавниот состанок преку видеоконференциска врска, на кој се презентираа спроведените активности согласно Годишната програма за работа на ААВМУ. Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ги презентираше резултатите и активностите на Агенцијата во текот на третиот квартал. Во однос на одржаните парламентарни избори на 15 јули, […]

Штипските основни и средни училишта ќе одржуваат настава на далечина

3 септември 2020

Со исклучок на ООУ „Славејко Арсов“ во населбата Баби, сите други основни и средни училишта во Штип ќе изведуваат настава на далечина. Учениците ќе бидат дома, додека наставниците ќе предаваат онлајн од училниците и кабинетите. Оваа одлука следи по вчерашниот состанок на директорите од основните и средните училишта, со новата министерка за образование и наука, […]

Сојузот на средношколци и Комисијата за заразни болести денеска дискутираа за спроведување на протоколите

25 август 2020

На состанокот на Комисијата за заразни болести кој се одржа изутринава, присуствуваа и претставници од Сојузот на средношколци на кој им беа презентирани извештаите со деталната состојба од ковид-19 во Република Северна Македонија, информираат од Министерството за здравство. „На состанокот, претставниците на Сојузот на средношколците ги претставија барањата на учениците, од најголем дел се веќе […]

Страна 1 од 8