fbpx

Европската политичка заедница во зародиш, во Прага денеска се одржува првиот состанок

-

Идејата за создавање на Европска политичка заедница, која што беше за првпат соопштена во мај годинава од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, добива своја практична реализација со одржувањето на првиот состанок денеска во Прага.

Лидерите на 44 земји од европскиот континент, со исклучок на Русија и Белорусија, ќе се соберат на состанок за да разговараат за прашања од заеднички интерес. На политичката платформа во Прага ќе присуствува и македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој ја доби поканата од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и чешкиот премиер Петр Фиала.

Покрај 27-те земји-членки на Европската Унија, на состанокот во Прага ќе учествуваат и земјите од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. Учество е предвидено и на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Покрај македонскиот премиер, владината делегација ја предводат и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

„Програмата на настанот содржи пленарни дебати и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за енергетската и економската криза, снабдувањето со енергија и енергенси, како и дискусии врзани со климатските предизвици, но и мирот и безбедноста во контекст на руската воена агресија врз Украина“, информираат од владината прес-служба.

Идејата е состаноците на Европската политичка заедница да се организираат двапати годишно, при што секој друг состанок да биде во европска земја која не е членка на ЕУ.

Инаку, Радио Слободна Европа на македонски јазик ја пренесува изјавата на шефот за надворешна политика на Европската Унија, Жозеп Борел. Тој рече дека лидерите на 44 европски земји денеска во Прага ќе испратат јасен сигнал за изолација на Русија и ќе се обидат да создадат нов поредок без Москва.

„Средбата бара нов поредок без Русија“, изјави тој за новинарите во Прага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...