fbpx

Не се очекуваат ценовни шокови во земјава, владата и компаниите ги следат движењата на берзите

-

Стопанствениците и владата будно ќе ги следат движењата на берзите во светот и ќе се преземат мерки доколку е потребно, за да не дојде до ценовни шокови во земјава во наредниот период, се согласуваат стопанствениците и централната власт.

Вчеравечер во Владата, на барање на Стопанската Комора на Северна Македонија се оствари средба со заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и извршниот директор и оперативната директорка на Стопанска комора на Северна Македонија, Антони Пешев и Билјана Пеева Ѓуриќ, кои беа придружени со претставници од здружението за земјоделство и прехранбена индустрија, групацијата на кондиторска индустрија, групацијата за производство на месо и преработки на месо, групацијата за производство, откуп и преработка на млеко и групацијата на мелничко пекарската индустрија.

„Вицепремиерот Битиќи на отворањето на состанокот посочи дека Владата води континуиран и отворен дијалог со стопанството. Извршниот директор на СКСМ, Пешев се согласи со вицепремиерот дека соработката е вистина на високо ниво и дека во соработка со приватниот сектор Владата ќе ги следи будно состојбите и ќе се интервенира онаму каде е најнеопходно со цел да не дојде до повисоки поскапувања на цените на прехранбените производи,“ се вели во соопштението.

Претставниците на Стопанската комора на Северна Македонија и на здруженијата и групациите во рамките на комората укажале на поместувања на берзанските цени на основните суровини и репроматеријали.

„Вицепремиерот Битиќи информираше дека Владата континуирано ги следи економските движења и во земјата и во светот, се следат цените на основните производи и посочи дека стапката на инфлација е во рамките на проектираното, стабилна е и во досегашниот дел од годината просечно изнесува 2,7 проценти, со можни мали поместувања. Соодветно на движењата на берзанските цени, се прават стручни анализи од кои би можеле да произлезат автономни или системски мерки, кои би одговориле на предизвиците со кои се соочуваат преработувачите на кус или долг рок, соодветно,“ се додава во соопштението.

Вчера Регулаторната комисија за енергетика и Електрани на Северна Македонија исто така смируваа дека нема причина за паника меѓу македонските граѓани во однос на цената на електричната енергија за претстојните месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...