fbpx

Урсула фон дер Лајен: Сигурна сум дека ЕУ ќе успее на терен да ги реши проблемите со Западен Балкан

-

Во текот на денот разговаравме за дијалогот, за подготвеноста да се реши проблемот но и за капацитетите за проблематичните области. Сето тоа ЕУ го доживеала во нашата модерна историја од 70 години, така ја изградивме ЕУ, сигурна сум дека ќе успеее да ги решиме овие прашања, порача претседателката на Европската Кмисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција попладнево што ја одржа со претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Жан Мишел и словенечкиот претседател Јанез Јанша, во рамките на самитот на ЕС, и, посебно, на Самитот за Западен Балкан што се одржува во Словенија.

На овој состанок на ЕУ и самит со земјите од Западен Балкан, всушност се дефинира проширувањето, односно напредокот на преговорите на Србија и Црна Гора, како и на почетокот на преговорите за членство во ЕУ на Албанија и Северна Македонија. Напредокот на нашата земја во процедурите е блокиран од бугарското вето. Фон дер Лајен порача дека е убедена дека и ЕУ и Западен Балкан споделуваат иста историја, но и иста судбина и дека ЕУ не е комплетна без Западен Балкан, но сепак не сигнализираше брзо решенија на блокадата.

„Да се рефлектирам на Самитот за Западен Балкан, пораката од Комисијата е многу јасна, првин ЗБ е дел од истата Европа како и ЕУ. Ние споделуваме иста историја, ние споделуваме исти интерес, исти вредности, и длабоко сум убедена, иста судбина. ЕУ не е комплетна без ЗБ. Затоа мојата комисија ќе продолжи да го прави најсуштинското, најдалекусежното за да го унапреди, прошири процесот на проширување и интеграцијата на регионот во ЕУ. Ние го сакаме ЗБ во ЕУ и не може да има сомнеж дека нашата цел е проширувањето“, порача претседателката на Европската Комисија.

Според Фон дер Лајен, сериозна тема била и економската перспектива, и затоа се разговарало за Европскиот економски и инвестициски план, којшто на Западен Балкан исполнува многу цели на заедничкиот буџет на ЕУ и се нуди како своевидна алтернатива.

„Економскиот и инвестициски план е во сржта на нашата вклученост во регионот. И навистина, со 9 милијарди евра ставени на маса како грантови, може да реализираме до 35 милијарди евра за регионот. Економскиот и инвестициски план е придружен од Берлинскиот процес и е клучен за развој и подлабока интеграција за заедничкиот регионален пазар. Овој пазар ќе биде исто толку корисен за регионот колку и заедничкиот европски пазар за ЕУ и целта сега ни е да го развиваме овој пазар“, порача Фон Дер Лајен.

Таа, сепак појасни оти е јасно во Брисел дека проширувањето на ЕУ нема алтернатива. Кажа дека е очигледно оти земјите на Западен Балкан ги остваруваат зацртаните цели.

„Минатата седмица патував во шесте земји од ЗБ и покрај дискусиите за точките што сега ги забележав, ја забележав и нетрпеливоста на луѓето за должината. Фрустрација за должината на процесот за приклучување на ЕУ. И јас го разбирам тоа. Така, што е патот напред од оваа основа? Во поглед на реформите, јасно е дека нашите партнери во ЗБ остваруваат важни реформи, не велам дека се стасани таму, но очигледно е дека таму многу напредок е видлив. Ако погледнете низ времето, многу се сменило на подобро. И сега е важно да се остане на курсот на важните области, како правосудството, борбата против корупција, против организираниот криминал, медиумски слободи и економски реформи“, порача претседателката на ЕК.

Таа додаде дека во меѓувреме, ЕУ, исто така, мора да испорача. Посебно недостигот на одлука за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува нашиот статус, вели претседателката.

„Затоа е многу важно денеска, во текот на денот разговаравме за дијалогот, за подготвеноста да се реши проблемот, но и за способностите за проблематичните области, а сето тоа е ЕУ го доживеала, во нашата модерна историја од 70 години, така ја изградивме ЕУ, сигурна сум дека ќе успеее да ги решиме овие прашања“, порача претседателката на Европската Комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...