Пред состанокот во Охрид: Курти за европскиот предлог, за Брнабиќ ЕУ е стратешка цел за Србија

Србија и Косово се пред важен состанок на 18 март во Охрид, на кој главна тема ќе биде потпишувањето на договорот за нормализација на односите меѓу двете земји

-

Пред состанокот меѓу Србија и Косово што ќе се одржи на 18 март во Охрид, највисоките официјални претставници излегоа со изјави во врска со очекувањата од овој важен настан. Косовскиот премиер Албин Курти денеска повтори дека е подготвен да го потпише европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јавува Радио-телевизија Косово.

Курти вели дека било штета што договорот не бил потпишан претходно на 27 февруари.

„Ги продолжуваме подготовките за состанокот на 18 март, кој ќе биде одржан во Охрид, Северна Македонија, потребно е да видиме како да се усогласиме со европскиот предлог и да приложиме вистински план за имплементација којшто треба да се карактеризира со сеопфатност и ефикасност“, изјави премиерот Курти.

За тоа што досега не е потпишан договорот што содржи пет реченици, преамбула и 10 точки, премиерот Курти рече дека одговорот треба да се бара од другата страна.

Српската премиерка Ана Брнабиќ на затворањето на бизнис форумот во Копаоник денеска рече секој ден кој Србија го минува на европскиот пат ја прави посилна и подобра и дека стратешки приоритет на Србија е членството во ЕУ и за нив нема дилема по ова прашање.

„За нас се важни европските интеграции и тоа хамлетовско прашање не треба да биде дилема за нас“, изјави Брнабиќ, пренесува Радио-телевизија Србија.

Таа додаде дека од 2000 година до денес, 70 отсто од целокупните инвестиции во Србија дошле од земјите во Европската Унија, додека 65 отсто од српскиот извоз оди во земјите-членки на ЕУ.

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата Фискална стратегија...

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс во својата колумна изјави дека инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на...