fbpx

Лајчак вели дека Вучиќ и Курти ги очекува анекс на предложениот договор Белград-Приштина

-

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека српската и косовската делегација на состанокот во Охрид ќе ги очекува разговор за анексот на основниот француско-германски договор за Косово и за неговата имплементација, пренесува Б-92. Инаку, делот со формулацијата на Заедницата на српски општини треба да биде предмет на нов анекс.

На состанокот на кој ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти е планирано да се разговара за имплементација на договорот, како и за структурата на следните чекори што треба да се преземат. Лајчак рече дека откако двете страни позитивно реагирале на европскиот предлог за договор, следен чекор е имплементација на анексот на договорот.

Лајчак додава дека бил во посета на Белград и Приштина за да разговара и да ги чуе ставовите за анексот на договорот, додавајќи дека во сабота ќе се разговара за „нова консолидирана верзија на анексот заснована на оригиналниот текст“.

Тој додава дека следните чекори и временската рамка треба да бидат дефинирани и додава оти анексите биле изработени за имплементација на договорот предложен од ЕУ. Новата верзија на анексите ќе биде дискутирана во сабота во Охрид.

„Тоа треба да биде основата на нашите дискусии во Охрид, и ако успееме да постигнеме договор за овој анекс, тогаш работата е завршена“ изјави Лајчак.

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска во Белград изјави дека целта на неговата посета е да се разговара со политичките лидери за напредок по европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, пренесува Н1.

Ескобар изјави дека би сакал договорот меѓу двете страни да биде постигнат годинава, но и дека не очекува никакво потпишување на договор во Охрид на 18 март. САД, вели Ескобар, сметаат дека европскиот предлог е најдобра можност за напредување во процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Од состанокот во Охрид Ескобар очекува сепак да се постигне договор како да се напредува во преговорите, а двете страни треба да бидат сериозни, конструктивни и флексибилни на охридскиот состанок.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...