fbpx
Таг: СЗО

таг: СЗО

Дезинформација е тврдењето дека СЗО го менува ставот за корона вирусот

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

СЗО: Да не се издаваат имунолошки пасоши – нема докази за имунитет по оздравување од Ковид-19

Од Светската здравствена организација соопшуваат дека во овој момент на пандемијата, нема доволно докази за луѓето кои се опоравиле од Ковид-19 и имаат антитела се заштитени од повторно заболување од вирусот. Оттаму предупредуваат да не се издаваат имунолошки пасоши, сертификати или одобрувања за враќање на работа на луѓе кои го прележале вирусот, затоа што со тоа се зголемува ризикот од...

Викендов он-лајн турнири по гејмање како поддршка во борбата против Ковид-19

И Македонија се вклучува во глобалниот тренд на организирање на он-лајн турнири по гејмање како поддршка во борбата против Ковид-19 и зголемување на социјализацијата на граѓаните во услови кога тие се приморани да седат дома. Македонската еспорт асоцијација викендов ќе организира он-лајн турнири во познатите видео игри „League of Legends“ и „Counter Strike: Global Offensive“. Тие посочуваат дека видео игрите...

Македонија ќе биде вклучена во глобалното истражување на СЗО за намалување на последиците од Ковид-19 по економијата

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, денес информираше дека во соработка со Џон Дентон, генералниот секретар на Интернационалната стопанска комора, заеднички го отпочнаа проектот за глобално истражување со Светската здравствена организација СЗО, за предизвиците од Ковид-19 со кои се соочува приватниот сектор. „Во координиран напор за справување со Ковид-19, соработуваме на глобален проект со Интернационалната стопанска...

Директорот на СЗО: Најлошото допрва следува, да ја спречиме трагедијата

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека „најлошото сè уште е пред нас“ во епидемијата на коронавирусот, од кој се заразени близу два и пол милиони луѓе во светот. „Верувајте ни. Најлошото допрва е пред нас. Да ја спречиме оваа трагедија. Многу луѓе уште не го разбираат овој вирус“, изјави Гебрејесус во Женева. Тој наведе дека...

Одржувањето на имунизацијата кај граѓаните е од витално значење за време на пандемијата

Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ во заедничко соопштение потенцираат дека националните програми за рутинска имунизација на населението се посуштински од кога било досега. Токму итната потреба од вакцина против Ковид-19 ја потенцира клучната улога на имунизацијата на граѓаните во заштитата на животот и економијата. Од СЗО и УНИЦЕФ ги потсетуваат владите низ целиот регион дека мора да ја искористат...

СЗО: Може да се пости како претходните години

По информациите дека Рамазанските пости се штетни за време на пандемијата и дека може да поттикне експлозија на КОВИД-19, затоа што физичкиот стрес и помага на болеста, Светската здравствена организација објави  упатство за светиот месец Рамазан. СЗО, во упатството објавено специјално за периодот на Рамазан, потврди дека луѓето можат да постат како порано, пренесува Порталб.мк. „Не е извршена никаква студија...

СЗО: Алкохолот не штити од коронавирус, и не е точно дека короната се шири и од мртво тело

Информациите што се проширија неодамна дека коронавирусот може да се шири од мртво тело се непотврдени. Она што е сигурно досега е, најновиот одговор на Светската здравствена организаиција за ова прашање, при што се вели дека „освен во случаи на хеморалгична треска (како ебола, Марбург) и колера, мртвите тела обично не се заразни”. Затоа, известување дека е “регистриран првиот...

СЗО: Земјите што ќе ги укинуваат мерките да се подготват за нови случаи на заболени

На виртуелна средба со министрите за здравство на земјите-членки на Г20, директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека го охрабрува фактот што некои земји планираат да ги олеснат социјалните ограничувања, но дека тоа треба да биде спроведено во фази. „Укинувањето на рестриктивните мерки не значи крај на епидемијата во ниту една земја, туку само почеток на...

СЗО: За Рамазан може да се пости како и претходните години

По информациите дека Рамазанските пости се штетни за време на пандемијата и дека може да поттикнат експлозија на Ковид-19, затоа што физичкиот стрес ѝ помага на болеста, Светската здравствена организација (СЗО) објави упатство во врска со постењето на муслиманите во светиот месец Рамазан. СЗО потврдува дека луѓето можат да постат како порано. „Не е извршена никаква студија за постењето и...

Еден свет: Заедно дома – концерт во поддршка на здравствените работници

Лејди Гага, Џенифер Лопез, Опра, Џон Леџенд, Тејлор Свифт, Алиша Кис, Били Ајлиш, Ролинг Стоунс, Камила Кабејо, Селин Дион, Дејвид Бекам, Елен Деџенерес, Елтон Џон, Идриз Елба, Ј Балвин, Луис Џамилтон, Лизо, Малума, Лупита Нјонго, Пол Мекарни... Ова се само дел од ѕвездите кои ќе се појават на глобалниот онлајн концерт на 18 Април, организиран од Глобал Ситизен и Светската...

СЗО ги негираше информациите дека корона вирусот се шири од мртво тело

Информациите што се проширија неодамна дека корона вирусот може да се шири од мртво тело се непотврдени. Во однос на ова, Светската здравствена организација вели дека „освен во случаи на хеморагична треска (како ебола, марбург) и колера, мртвите тела обично не се заразни”. Затоа, известување дека е „регистриран првиот случај на пренесување на корона вирусот од починато лице” е информација...

Трамп привремено го прекина финансирањето на СЗО

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера најави дека земјата ќе престане со финансирање на Светската здравствена организација (СЗО), која ја обвини „дека потфрлила во исполнувањето на основната должност“. САД годишно придонесуваат со околу 400 милиони долари во ова тело, односно околу 15 отсто од вкупниот буџет на организацијата која функционира во рамките на Организацијата на обединетите нации (ООН). Овој потег...

Отворено писмо: Земјите од Г20 итно да обезбедат 8 милијарди долари за борбата против КОВИД19

Итно да се доделат 8 милијарди долари за справување со новиот корона вирус во целиот свет, за да се спречи крах на здравствените системи, но и на економиите. Дополнително, за земјите со послаби здравствени системи и ранливо население, да се обезбедат уште 35 милијарди долари во блиска иднина, побараа речиси стотина поранешни претседатели, премиери, министри, нобеловци, професори, експерти и...

Разликата во симптомите помеѓу корона вирусот, грипот и настинката (инфографик)

Кивање, болки во телото, болки во грлото и затнат нос се некои од симптомите што обично ги имаме кога сме настинати. Според податоците на Светската здравствена организација, не сите од овие знаци се присутни и за време на корона вирусот и обичниот грип, пренесува „Порталб.мк“. Корона вирусот кај заболените лица главно се манифестира со сува кашлица и треска, како и...

Корона вирусот не се пренесува преку пратки на „Али експрес“

Насловот на текстот „KOРОНАВИРУСОТ „КОСИ“: Дали Македонците се плашат да нарачуваат од Али експрес?“ се обидува да ги доведе во корелација ширењето на корона вирусот и пратките на „Али експрес“, но едно со друго не оди. Ширењето на корона вирусот не се пренесува преку пратка на човек, туку од човек на човек, потврдува и Светската здравствена организација. Според изјавата од...

Само 7 години има најмладиот пациент со депресија во Македонија

Се помали се децата кои имаат симптоми и знаци на депресија, односно кај кои се јавуваат депресивни манифестации, предупредуваат детските психолози и психотеравпевти. Само седум години има најмладиот пациент со кој работи психологот Катина Павлоска во Центарот за ментално здравје на деца и младинци. Во Македонија не се води точна евиденција конкретно за оваа патологија. Според податоците на Светската здравствена организација...

Морбилите не запираат, СЗО предупредува да не се оди на пат без примена вакцина

Во период од пет дена, во Македонија 13 нови пациенти заболеле од мали сипаници. Како што информираат во Институтот за јавно здравје, од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, петмина се од Скопје, а останатите осум се од пет други градови (Куманово, Гостивар, Кочани, Свети Николе и Велес). Сите се невакцинирани, непотполно вакцинирани или се со непознат вакцинален...

Во Македонија поради загадувањето се умира двапати побрзо од земјите во ЕУ

Загадувањето на воздухот е причина за едно од пет предвремени умирања во 19 града во Западен Балкан, меѓу кои се опфатени Скопје, Тетово, Битола и Велес, покажува извештајот „Загаденоста на воздухот и здравјето на луѓето: случајот Западен Балкан“, Вкупниот број на предвремени умирања директно поврзани со загаденоста на воздухот во градовите од Западен Балкан е речиси 5.000 годишно. Во седум...

СЗО: Загадениот воздух и „антиваксерите“ се меѓу 10-те најголеми закани за здравјето

Загадениот воздух и климатските промени се на врвот на листата за најголеми закани по човековото здравје во светот во 2019 година, што ја подготви Светската здравствена организација (СЗО). На списокот со 10 точки, на 9. место се противниците на вакцинирањето. Истовремено, во Скопје продолжува епидемијата на морбили, а со оваа болест најновите пациенти примени на Инфективна клиника се двајца возрасни...

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...