fbpx

Во Македонија поради загадувањето се умира двапати побрзо од земјите во ЕУ

-

Загадувањето на воздухот е причина за едно од пет предвремени умирања во 19 града во Западен Балкан, меѓу кои се опфатени Скопје, Тетово, Битола и Велес, покажува извештајот „Загаденоста на воздухот и здравјето на луѓето: случајот Западен Балкан“,

Вкупниот број на предвремени умирања директно поврзани со загаденоста на воздухот во градовите од Западен Балкан е речиси 5.000 годишно. Во седум од проучуваните градови, загадувањето на воздухот е одговорно за најмалку 15 проценти од предвремените умирања, а во Тетово дури за 19 проценти.

Според извештајот, економските и индустриските структури во регионот се надградени, но мора да бидат значително подобрени политиките за контрола на загадувањето на воздухот.

„Главните извори од емисиите на ПМ-10 честичките во Северна Македонија се греењето на станбени објекти (46 проценти), индустриските процеси (главно производство на феролегури) (22 проценти) и производството на енергија (11 проценти) – Скопје, Тетово, Битола и Велес. Слично на тоа, главни извори на емисии на ПМ-2,5 честичките се греењето на станбените објекти (58 проценти), индустриските процеси, главно производство на феролегури, (20 проценти) и производството на енергија (6 проценти) (МЖСПП, 2008)“, се вели во извештајот кој го цитира Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Мета“ пишуваше дека според Светската здравствена организација стапката на смртни случаи како резултат на загадувањето на воздухот на 100.000 жители, во Македонија изнесува 125 наспроти 65 во Европа, во 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...