fbpx

„Одлучен удар“ е импресивно остварување, рече Михаела Швајцер Блум за вежбата на Кроволак

-

Повеќе од 2.700 војници од Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија денеска на воениот полигон Криволак ја почнаа најголемата и најкомплексна воена вежба во земјава. Од денес до 9 јули, трупите од шест земји ќе треба заедно да изведуваат операции на здружени копнени и воздухопловни сили, комбинирани операции на конвенционална војска и специјални сили и борбени операции во урбан терен.

– Работевте напорно и планиравте внимателно за сето ова да може да се случи. Беа потребни многу часови и денови на консултации и координирање со Армијата на САД за Европа и со Националната гарда на Пенсилванија. Но, „Одлучен удар“ конечно се случува. Какво импресивно остварување – рече Михаела Швајцер – Блум, вршителот на должност амбасадор на САД во земјава.

Опсежноста на подготовките ја истакна и директорот на вежбата, потполковник Игор Манасовски. Неговиот тим од 80 планери од АРМ и Копнените сили на САД минал 55 работни дена со 660 работни часа во подготовка на вежбата.

– Додека се подготвуваме да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО, пригодно е што „Одлучен удар“ се случува овде, на Криволак, во Република Северна Македонија. Оваа вежба е моќен пример за тоа како вашите воени сили се подготвуваат да станат сила во НАТО, спремна да работи со сојузничките војски на НАТО и да се справува со идните закани. Таа, исто така, е доказ дкеа Северна Македонија веќе придонесува во Алијансаа – рече Швајцер – Блум на свеченото отворање на вежбата на полигонот Криволак.

Заменик министерот заодбрана Беким Максути порача дека вежбата уште еднаш ќе го потврди фактот дека Македонија е подготвена и има капацитети и искуство да организира комплексна вежба од големи размери, но и дека во змејава добиваат искрен и посветен сојузник, кој знае сериозно да им пристапи на сите предизвици и ги дели истите вредности.

– Во годината кога НАТО одбележува 70-годишен јубилеј и додека тече процесот на ратификација на поканата за наше членство во НАТО, немаше подобар момент за организација на вежба од ваков обем – рече генерал-мајор Павле Арсовски, командант на Здружената оперативна команда на АРМ.

На „Одлучен удар“ ќе учествуваат два баталјони механизирана пешадија на АРМ, два баталјони од 56. Страјкер-бригада на Националната гарда на Пенсилванија, опремена со оклопни возила „страјкер“, артилериска батерија од Црна Гора, литвански артилериски планери и македонски и американски хеликоптери.

Во борбената група за специјални операции во „Одлучен удар“ ќе бидат вклучени тимови од специјалните сили на АРМ, „зелени беретки“ од 19. Група на специјални сили од Националната гарда на САД и тимови од специјалните сили на Албанија и Бугарија.

На вежбата ќе има 26 настани, 96 задачи и 13 тактички вежби со боево гаѓање со пешадиско оружје, артилерија и хеликоптери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...