СЗО: Да не се издаваат имунолошки пасоши – нема докази за имунитет по оздравување од Ковид-19

Од Светската здравствена организација соопшуваат дека во овој момент на пандемијата, нема доволно докази за луѓето кои се опоравиле од Ковид-19 и имаат антитела се заштитени од повторно заболување од вирусот.

Оттаму предупредуваат да не се издаваат имунолошки пасоши, сертификати или одобрувања за враќање на работа на луѓе кои го прележале вирусот, затоа што со тоа се зголемува ризикот од ширење на инфекцијата.

Во светот потврдени се близу три милиони заразени, а бројот на смртни случаи изнесува 206.569. Од вирусот закрепнале 868.806 лица.