fbpx

СЗО ги негираше информациите дека корона вирусот се шири од мртво тело

-

Информациите што се проширија неодамна дека корона вирусот може да се шири од мртво тело се непотврдени. Во однос на ова, Светската здравствена организација вели дека „освен во случаи на хеморагична треска (како ебола, марбург) и колера, мртвите тела обично не се заразни”.

Затоа, известување дека е „регистриран првиот случај на пренесување на корона вирусот од починато лице” е информација заснована врз претпоставки и не е потврдена од релевантни институции. Оваа информација е објавена во повеќе медиуми во Косово и во Албанија.

За пренесување на корона вирусот од починато лице имаше известување и на крајот на март, по смртта на едно лице во Индија, но беше потврдено дека тоа е дезинформација.

Светската здравствена организација исто така ги негираше информациите дека пиењето алкохол може да помогне во борбата против коронавирусот.

„Стравот и дезинформацијата создадоа опасен мит дека консумирањето алкохол може да го убие вирусот Ковид-19. Но алкохолот не го прави тоа.Пиењето алкохол претставува опасност по здравјето, а консумирањето етил алкохол со висока јачина (етанол) може да има сериозни здравствени последици, вклучително и смрт,“ се вели во извештајот на СЗО.

Во извештајот на СЗО се додава дека алкохолот го компромитира имунолошкиот систем на телото и го зголемува ризикот од неповолни здравствени последици. Затоа, СЗО ги повикува луѓето да го минимизираат консумирањето алкохол за време на пандемијата.

Автор: Дрен Гргури

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...