fbpx

Трамп привремено го прекина финансирањето на СЗО

-

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера најави дека земјата ќе престане со финансирање на Светската здравствена организација (СЗО), која ја обвини „дека потфрлила во исполнувањето на основната должност“. САД годишно придонесуваат со околу 400 милиони долари во ова тело, односно околу 15 отсто од вкупниот буџет на организацијата која функционира во рамките на Организацијата на обединетите нации (ООН).

Овој потег доаѓа во време кога САД е најпогодена од пандемијата на новиот корона вирус, а во САД огромни се критиките за тоа како државниот врв, на чело со Трамп, се справува со ситуацијата.

Претседателот на САД, објавувајќи ја одлуката , ја обвини СЗО дека лошо управува со средствата и го заташкувала ширењето на вирусот откако тој го почна убиствениот поход во Кина. Трамп и претходно ја обвинуваше светската организација дека е наклонета кон Кина.

– Наредив на мојaта администрација да се прекине финансирањето додека се спроведува анализа за улогата на СЗО во сериозно нарушување на управувањето и заташкување на ширењето на корона вирусот – рече Трамп на вчерашната конференција во Белата куќа.

Тој, исто така, истакна дека е близу до завршување на планот за стопирање на коронавирусот и повторно заживување на проблематичната американска економија во некои делови од земјата, што веројатно треба да биде готов пред 1 мај.

– Ако СЗО ја завршеше својата работа и испратеше медицински експерти во Кина за објективно да ја проценат состојбата на теренот, епидемијата можеше да биде исконтролирана во нејзиниот извор, со многу малку мртви – додаде тој.

СЗО минатиот месец побара 675 милиони американски долари за борбата против пандемијата.

САД имаат најголем број заразени и починати од новиот корона вирус. Според најновите податоци, во САД има повеќе од 611.000 пациенти и 25.924 починати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...