fbpx

Министрите за одбрана на НАТО на состанок за справување со КОВИД-19, но и со дезинформациите за пандемијата

-

Што уште може НАТО да превземе за да се справи со КОВИД-19, но и што уште да превземе против дезинформациите за пандемијата се теми во фокусот на денешиот, вонреден, состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, што попладнево ќе се одржи преку безбедна телеконференциска врска. НАТО пред две недели го овласти врховниот сојузнички командант да ги координира напорите на Алијансата во сузбивање на пандемијата, а од тогаш шест членки, меѓу кои и Македонија, побарале помош од сојузничкиот Центар за координирање на одговор на несреќи.

На состанокот, министрите за одбрана ќе одлучат „што уште НАТО може да стори за да спаси животи“, стои во најавата.

„Дезинформациите околу КОВИД-19 се голем предизвик. Министрите ќе дискутираат за тоа што сојузниците можат да сторат за со вистина да им се спротивстават на лажните и штетни наративи. Тие ќе дискутираат и за тоа како НАТО ја одржува нашата способност за одвражање и одбрана и нашите мисии и операции низ светот за време на пандемијата“

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг на брифинг ден пред состанокот потсети на мерките што веќе ги примени НАТО.

– Министрите за надворешни работи се состанаа пред две недели. Го задолжија нашиот највисок командант, Врховниот сојузнички командант во Европа да состави наменски сили за да ја подигне и забрза воената поддршка на сојузниците како одговор на пандемијата. Сојузниците соработуваат за да пренесат критични залихи. Донирани и доставени се стотици тони медицинска опрема. Сојузниците споделуваат медицинска експертиза и достапни болнички капацитети – рече Столтенберг.

Зборувајќи за помошта што сојузниците меѓусебно си ја пружаат во пандемијата, Столтенберг наведе и неколку примери за поддршка на Македонија:

– Чешка, Унгарија, Холандија, Норвешка, Словенија, Турција и САД пратија медицинска и финансиска поддршка за нашиот најнов сојузник, Северна Македонија.

Македонија на 30 март побарала помош во спраување со пандемијата од Евроатлантскиот центар на НАТО за координација на одговор на несреќи (Euro-Atlantic Disaster Response Coordination Centre – EADRCC). Центарот, кој е постојано оперативен, ги координира барањата за помош од едни, со понудите за помош од други сојузници за справување со големи кризни ситуации, како што е сега падемијата на КОВИД-19. Досега шест членки на НАТО побарале помош преку Центарот. Покрај Македонија, барања испратиле и Италија, Шпанија, Црна Гора и Албанија, а вчера и Словенија побара помош за воздушен транспорт на медицинска и заштитна опрема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...