Еден свет: Заедно дома – концерт во поддршка на здравствените работници

Лејди Гага, Џенифер Лопез, Опра, Џон Леџенд, Тејлор Свифт, Алиша Кис, Били Ајлиш, Ролинг Стоунс, Камила Кабејо, Селин Дион, Дејвид Бекам, Елен Деџенерес, Елтон Џон, Идриз Елба, Ј Балвин, Луис Џамилтон, Лизо, Малума, Лупита Нјонго, Пол Мекарни…

Ова се само дел од ѕвездите кои ќе се појават на глобалниот онлајн концерт на 18 Април, организиран од Глобал Ситизен и Светската здравствена организација. Водители на шоуто ќе бидат Џими Фалон, Џими Кимел и Стивен Колбер, а настанот е организиран во соработка со Лејди Гага.

“Целта на настанот е да послужи како извор на сплотеност и охрабрување во текот на глобалната битка со КОВИД-19. Преку музиката, забавата и влијанието, ѕвездите ќе ја прослават работата на луѓето кои го ризикуваат своето здравје за да помогнат на другите.“ – вели Хју Еванс, ко-основач и CEO на Global Citizen.

Концертот по наше време започнува во 20 часот. #TogetherAtHome

 

Слушнете повеќе за настанот директно од Светската здравствена организација, Глобал Ситизен и Лејди Гага: