fbpx
Таг: седница

таг: седница

Копчињата за гласање во Собранието ќе прегреаат пред Нова година

Полни раце работа ќе имаат пратениците на 11 декември, годинава бидејќи најмалку 51 пат ќе треба да притиснат на копчињата за гласање со оглед на тоа што толкав е бројот на точки на дневниот ред на собраниската седница закажана на тој ден. Предлог-закони, именување функционери, ратификација на меѓународни договори, финансиски планови на регулаторни тела и што уште не, би требало...

Додаток на плата од 3.000 денари за младите до 23 години во производствениот сектор

Младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно ќе им се исплаќа на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование во дејностите на производството за да го зајакнеме нивниот стандард и да ја стимулираме атрактивноста на стручните занимања за кои на пазарот на трудот во нашата земја постои нагласен интерес, истакна премиерот Зоран Заев, кој...

Владата ја отвори расправата за прeдлог-буџетот за 2020 година, но ќе го утврди на наредната седница

Владата на 163. седница ја отвори расправата за предлог-буџетот за 2020 година, но ќе биде утврден идната недела. „Министрите во Владата ги презентираа програмите кои треба да се финансираат од буџетот за наредната година и донесоа одлука предлог-буџетот за 2020 година, како и предлог-законот за извршување на буџетот за 2020 година да бидат утврдени на наредна седница на Владата која...

КПУ „Затвор Скопје“ ќе се гасифицира

На 162.седница, Владата одобри гасификација на КПУ „Затвор Скопје“. „На оваа седница Владата ги прифати измените на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година и ги зголеми средствата наменети за замена на постоечките нееколошки системи за греење во административните и други објекти во сопственост за државата во најзагадените градови со цел замена на системот за греење на Казнено-поправната установа...

Владата препорача итна гасификација на болницата во Куманово

Владата на 161. седница донесе одлука да ѝ препорача на работната група за субвенции на инвертер клими да ја вклучи Општина Куманово на листата градови за примена на оваа мерка, или да понуди решение за поддршка на граѓаните и на локалните институции за приклучување на системот за дистрибуција на гас во општината. „Во таа насока е и препораката за наоѓање...

Владата на седница во Битола реферираше за активностите во Пелагонискиот регион

Редовната 159. седница на владата се одржа во Битола, како прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различните региони во државата. На седницата присуствуваа и во нејзината работа учествуваа и градоначалниците од пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар, а министрите во реферираа за активностите на секој од...

ВМРО – ДПМНЕ од Штип одбива преименување на институциите со додавката Северна

Советниците од опозициската ВМРО - ДПМНЕ најавија дека ќе ја напуштат седницата на Советот на Општина Штип, на секоја точка од дневен ред, каде се бара промена на името на институциите со додавката Северна. На последната седница беа измените на Статутот на ОУК Дом на млади, каде требаше да се додаде додавката Северна секаде во документот каде стои Република...

Џафери за утре во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на Јанева

Претсeдателот на Собранието, Талат Џафери за утре во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на осомничената обвинителка Катица Јанева, со единствена точка на дневниот ред. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека парламентарното мнозинство и Талат Џафери одбиле да свикаат итна седница за разрешување на Катица Јанева, на нивно барање. „СДСМ и Зоран Заев очајно на секој начин пробуваат да...

Џафери ќе ја закаже седницата за разрешување на Јанева пред истекувањето на мандатот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември. Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана. „Согласно законот тоа е моја обврска и јас ќе ја испочитувам“, потенцираше Џафери објаснувајќи ја целата процедура. Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ,...

Димовски за в четврток ја закажа седницата на Комисијата за разрешување на Јанева

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски, за в четврток во 12 часот ја закажа седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Димовски информира дека сè  уште не се знае дали за извештајот ќе се расправа зад затворени врати или седницата ќе биде јавна,...

Заев пред пратениците го образложи предлогот за новите министри и заменици

Убеден сум дека кандидатите за нови министри во делот на финансиите и подобрувањето на инвестициската клима ќе бидат сериозно засилување на владиниот капацитет, посебно во овој неповторлив, драгоцен период за земјата која очекува интегрирање во ЕУ и НАТО, рече денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи пред пратениците зошто ги предложил Нина Ангеловска за министер за финансии и Хисен Џамаили за...

Работна група треба да изготви предлог-план за спроведување на ветинг во МВР

Владата на 148. седница ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во МВР. „Се задолжува МВР, најдоцна до 20 август да формира работна група со задача да изготви предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот и најдоцна до 01. октомври да го достави до Владата. Во...

Џафери: Седницата за предлог-законот за јавно обвинителство може да се свика на 29 јули

Предлог-законот за јавно обвинителство се уште не е пристигнат во Собранието, но доколку биде доставен во текот на денешниот ден или утре, собраниска седница ќе може да се свика на 29 јули, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. -Доколку денеска и утре законот пристигне во Собранието, на 29 јули можам да свикам седница и да помине во прво читање....

Ветингот во МВР на 146. седница на Влада која ќе се одржи денеска

Владата денеска ќе ја одржи својата редовна 146. седница во 12 часот, а на предлог на Министерството за внатрешни работи за оваа седница доаѓа информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи. „На денешната седница, на предлог на Министерството за правда ќе биде разгледан и предлог - законот за јавното...

Со Бугарија заедно ќе ги чествуваме Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

Министрите на вчерашната 143. седница на Влада биле информирани дека Северна Македонија и Бугарија го разгледале Годишниот извештај на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и предлозите до владите кои се содржани во него, биле разменети оценки за досегашната работа на комисијата и постигнатиот напредок во делот на античката историја. „Прифатени се сугестиите за заедничко чествување на...

Седницата на која треба да се гласаат новите министри ќе се одржи в среда

Седницата на Собранието на која на дневен ред е предлогот за избор на членови на Владата, е закажана за среда во 11 часот, информираа од Собранието. На истата 103. седница е и предлогот за разрешување на министрите кои ќе бидат сменети. Според списокот на имиња кој премиерот Зоран Заев го достави до Собранието, за министер за животна средина и просторно планирање...

Есад Рахиќ е назначен за в.д. директор на истражниот затвор Скопје

Владата на 139. седница го назначи поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ, за в.д. директор истражниот затвор - Скопје. „Истовремено, Владата ја констатираше оставката на директорот на истражниот затвор – Скопје, Ѓоко Котевски. На предлог на Управата за извршување санкции, за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ, магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за...

Поради тепачка помеѓу двајца советници, прекината седницата на Советот на Општина Охрид

Поради тепачка помеѓу двајца советници, 28. седница на Советот на Општина Охрид беше прекината. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот и информираат дека лицето Џемаил Мена советник од редовите на БЕСА, телефонски пријавило дека во просториите на Општина Охрид, физички бил нападнат од лицето Нефи Усеини од ДУИ и двајцата од Охрид. Во соопштението се вели дека се преземаат мерки за...

Седницата на која ќе се расправа за одземање на мандатот на Груевски ќе се одржи по 7 јуни

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите информираше дека собраниската седница на која ќе се расправа за одземање на мандатот на Никoла Груевски, ќе се одржи по 7 јуни. На истата седница може и да се расправа за новите министри, доколку стаса предлог од премиерот да се изберат нови. Според Џафери, од формален аспект нема пречки двете...

ДИК разреши избирачки одбори од Ѓорче Петров и Берово

Во согласност со записниците од општинските изборни комисии и избирачките одбори, Државната изборна комисија информираше (ДИК) дека конечниот вкупен број на гласови на кандидатите за претседател изнесува Блерим Река 79.921 гласови, Гордана Сиљановска-Давкова 319.364 гласови и кандидатот Стево Пендаровски добил 323.892 гласови, информираат од ДИК. На 35. седница на Државната изборна комисија било утврдено дека во согласност со членот 121...