Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември.
Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана.
„Согласно законот тоа е моја обврска и јас ќе ја испочитувам“, потенцираше Џафери објаснувајќи ја целата процедура.
Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на Јанева.