fbpx

Џафери: Седницата за предлог-законот за јавно обвинителство може да се свика на 29 јули

-

Предлог-законот за јавно обвинителство се уште не е пристигнат во Собранието, но доколку биде доставен во текот на денешниот ден или утре, собраниска седница ќе може да се свика на 29 јули, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Доколку денеска и утре законот пристигне во Собранието, на 29 јули можам да свикам седница и да помине во прво читање. Потоа во рок од седум дена од првото читање законот треба да помине и на матичната комисија, а од 26 до 30 август може да се свика седница за второ читање на законот. Но, тоа е ситуација доколку се усогласат ставовите – рече Џафери.

Тој додаде дека, американската амбасадорка Кејт Бернс на денешната средба во Собранието му поставила прашање, дали законот би можел да биде донесен до 15 септември. Џафери појасни дека законот би можел да биде донесен до крајот на август доколку постои согласност за него меѓу политичките субјекти во Собранието.

Џафери рече и дека формално одморот на пратениците ќе трае до крајот на август, но вообичаено веќе од 25 -26 август, комисиите започнуваат со активности.

Првата наредна седница после одморите Собранието треба да ја одржи во септември, но можно е седница да се свика и порано доколку има потреба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...