fbpx

Продолжува практиката законите да се носат во скратена постапка

-

Продолжува практиката законите во Собранието да се усвојуваат во скратена постапка со што се доведува во прашање квалитетот и функционалноста на новата регулатива бидејќи не се дава доволно време низ дебата да се преџвакаат предложените законски решенија.

Тоа го покажува најновиот извештај „Индекс на одговорност, транспаретност и продуктивност на Собранието“ за првото тримесечје од годинава подготвен од граѓанската асоцијација „Мост“.

Според извештајот, процентот на закони донесени во редовна постапка во овој период е намален за 15 отсто во однос на претходниот мониторинг период.

„Собранието не успеа да го задржи позитивниот сооднос на донесени закони во редовна и скратена постапка во овој квартал. Од вкупно 33 усвоени закони во Собранието во првите три месеци од годинава 10 закони (30,3 отсто) се донесени во редовна постапка, 12 закони (36,4 отсто) по скратена постапка, додека останатите 11 закони (33,3 отсто) се донесени по скратена постапка за хармонизација со други закони или за одложување на примената на одредени одредби“, се вели во извештајот.

Забележително е што од вкупно усвоени 33 закони во првите три месеци од годинава пратениците изгласале 8 закони (24,2 отсто од вкупниот број) на 27 март, што претставува датум со најголем број на донесени закони во периодот.

Мониторингот покажал дека во првите три месеци од 2019 година, Владата и пратениците имале речиси ист број на предложени закони  Владата е предлагач на 16 од донесените закони (48,5 отсто), додека пратениците предложиле 17 закони (51,5 отсто).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...