fbpx
Таг: закони

таг: закони

ДиЏовани: Владата и Собранието да го забрзаат носењето на законите за децата

Во текот на овие 30 години, правата на децата се немаат променето, но детството е тоа што се промени. Денес децата живеат во свет каде нивните права се доведени под ризик и ставени настрана заради други приоритети. Децата не можат да чекаат. Има закони важни за децата кои чекаат во владина или собраниска постапка да го добијат приоритетот што...

Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е обврска за пристапување во ЕУ

Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ и во сродните реформски процеси затоа посветуваме особено внимание од сите аспекти. Ова се рефлектира и во Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која ја усвои Собранието, како и во Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 година, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска...

Пендаровски одлучи да ги потпише измените на петте закони за коридорите 8 и 10д

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, одлучил да ги потпише указите за прогласување на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Тој на прес-конференција рече дека секоја заинтерсирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој од овие закони, вклучувајќи го и оној за...

Собранието ги изгласа измените на законите за реализација на коридорите 8 и 10д

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-та седница по скратена постапка ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, со...

ЕУ ќе спроведе „стрес тест“ во седиштето на Твитер

Висок функционер на Европската унија во средата го предупреди сопственикот на Твитер, Илон Маск, дека платформата за социјални медиуми мора да преземе значителни чекори за усогласување со законите на ЕУ за умереност на содржината и дека европските претставници внимателно ќе го следат усогласувањето, пренесе Си-Ен-Ен. Твитер има „огромна работа“ за да ги исполни своите обврски според Законот за дигитални услуги,...

Не е точно дека три американски фирми купиле огромно земјоделско земјиште во Украина

Украинското законодавство забранува продажба на земјоделско земјиште на странци и компании во странска сопственост. Ова ограничување може да се укине, меѓутоа претходно мора да има референдум, а референдум за оваа цел во Украина не беше одржан. Така што, не е вистина дека три големи американски мултинационални компании купиле над 17 милиони хектари украинско земјоделско земјиште. Следствено и дилемата што...

Реформите во јавната администрација заглавија во законски измени

Законите што ја регулираат работата на јавната администрација се коригираат со години и сè уште се предмет на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација, пишува Вистиномер. Самиот факт што толку долго се носат и никако да се донесат новите...

Носењето закони по скратена постапка носи простор за влез на корупција

Еднаш кога ќе се донесе лош закон, кој остава простор за корупција, последиците можат да бидат преголеми. А проблемот на лоши закони веќе со години се провлекува кај нас, особено кога истите се носат по скратена постапка. Понекогаш десетици закони се носат и менуваат во еден ден, а со тоа и граѓаните немаат можност да се запознаат што...

Носењето на клучните закони за администрацијата се влече со години

Најважен услов за напредок во секторот јавна служба и управување со човекови ресурси се основните закони од областа: Закон за административни службеници, Закон за вработени во јавен сектор и законот што допрва првпат треба да биде ставен во легислативата, Законот за високата раководна служба. Станува збор за законски решенија што треба да овозможат професионализација на администрацијата, подобар интегритет и...

Животните имаат права само на хартија, активистите финансиски и психички исцрпени, но не се откажуваат

Пријави за неодговорно сопствеништво, организирање борби со кучиња, малтретирање и убивање животни на улица, шверц на диви животни, нелегални зоолошки градини. Правата на животните во Македонија секојдневно се прекршуваат, активистите и здруженијата го вклучуваат алармот, а институциите недоволно и несоодветно реагираат на прекршоците. Денешниот ден, 10 декември, освен што е Меѓународен ден на човековите права, се одбележува и како Меѓународен...

Водич за екоактивизам: Секој има должност да ја заштитува животната средина

Како да ги искористиме македонските закони за да ја заштитиме животната средина, каква е улогата на граѓанскиот активизам и колку може секој поединец да придонесе за да живее во подобра околина, се насоките кои ги содржи публикацијата „Заедно ЗА природата: Водич за екоактивизам“ што ја објавија Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво. Водичот се фокусира на правните...

Корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Северна Македонија, нотирано е во Извештајот на Стејт департмент

Во најновиот Извештај за инвестициска клима за 2021 на американскиот Стејт департмент се вели дека корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Македонија иако законската рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди. Во однос на законите се нотира дека тие често се менуваат, што креираат „непредвидлива средина за бизнис која води до корупција“. Во Извештајот се вели дека „има...

Законот за дивоградби успеа два пати да дојде во Собрание, оние за управување со отпад чекаат половина година

Додека законот за легализација на дивоградбите успеа два пати во изминативе месеци да се најде на седница на Собранието на РСМ и Владата во последен момент го повлече на 29 мај, на власта и опозицијата во парламентот им треба повеќе од половина година за да го стават на дневен ред на собраниска седница сетот од шест закони за управување...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа итна седница на Собранието, спикерот Џафери вели не прифаќа ултиматуми

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата на Собрание побара од СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на која што заедно ќе ги разгледаат и едногласно ќе ги изгласаат законите од таканаречениот петти пакет мерки поврзани со финансиската помош за граѓаните и компаниите. „Во овој момент, на оваа прес-конференција позади мене се присутни сите пратеници...

Бектеши уште еднаш ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија за мерките за помош на стопанството

Министерот за економија Крешник Бектеши, ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија од петтиот сет мерки на Владата, но и дел од законските решенија од четвртиот сет кој што беше донесен минатата година, а сѐ уште не се изгласани во Собранието. „Во Собранието сѐ уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. Четвртиот сет економски мерки ги...

ГРЕКО: Слаб напредок во спречувањето корупција на пратениците, судиите и обвинителите

Најголемиот дел од 13-те препораките на Групата земји против корупцијата при Советот на Еропа (ГРЕКО) за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, како и за судиите и обвинителите, се или делумно спроведени или се неспроведени, додека само неколку се целосно спроведени, од што произлегува дека Северна Македонија генерално не си ги исполнила обврските дадени на 22 јуни 2018...

Над 100 европски организации бараат Полска да ги отфрли нацрт-законите за абортус

Polish parliament
Денеска и утре 16 април полскиот парламент повторно ќе расправа за два нацрт-закони со кои сериозно ќе се ограничи пристапот до безбеден абортус, а воедно и сексуалното образование ќе стане нелегално. Доколку законите стапат на сила, со ова ќе ги стават во опасност здравјето и благосостојбата на жените и адолесцентите во Полска. „Ги повикуваме членовите на парламентот на Полска да...

Минимална плата за функционерите, но не и за јавната администрација

Во вториот сет економски мерки кои Владата ги усвои на денешната седница, донесенa е одлука минимална плата од 14.500 денари за април и мај да примаат спортистите, самостојните уметници како и избраните и именувани функционери на државно и локално ниво, од претседател до директор, информираше на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски. Платата на вработените во јавната администрација нема да се...

ДКСК: Двосмислени и непрецизни закони оставаат широк простор за коруптивно однесување

Лошо формулирани законски одредби, закони напишани со неразбирлив јазик или со некохерентна правна техника, непрецизни и нејасни законски одредби овозможуваат законот различно да се толкува и оставаат широка можност за коруптивно однесување во примена на законите, нагласува Државната комисија за спречување корупција(ДКСК). Една од надлежностите на Комисијата е антикорупциска проверка на сите предлог-закони, но и на приоритетни важечки закони. Прелиминарната...

Димовски: Собранието стана нотар на Владата без можност за сериозна дебата за законите

Собранието, за жал, стана нотар на Владата без можност за никаква длабинска и сериозна дебата, анализа, без мислење на стручната јавност, со драстичен број на намалени јавни расправи и без одржување на било каква надзорна расправа во рамките на надлежностите на Собранието, рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. „Само во изминативе три дена во Собранието пристигнаа 41...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...