fbpx

Димовски: Собранието стана нотар на Владата без можност за сериозна дебата за законите

-

Собранието, за жал, стана нотар на Владата без можност за никаква длабинска и сериозна дебата, анализа, без мислење на стручната јавност, со драстичен број на намалени јавни расправи и без одржување на било каква надзорна расправа во рамките на надлежностите на Собранието, рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„Само во изминативе три дена во Собранието пристигнаа 41 предлог закон од кои повеќето по скратена постапка, а во рамките на веќе закажаната 123 седница на Собранието која што треба да се одржи во среда вкупно на дневен ред во рамките на една седница се ставени 79 различни закони, од кои пак најголемиот дел се од економската и финансиската сфера. За овие закони нема да има јавни расправи и за овие закони пратениците нема да имаат можност за длабинска анализа, консултации и за сериозен приод“, изјави Димовски.

Тој информираше дека „во овој мандатен период, од вкупно 425 закони кои што се влезени во процедура, 232 се по скратена постапка односно 55 проценти од законите во овој мандатен период се по скратена постапка.“

„На овој начин не се овозможува, посебно во период кога се разгледува буџетот на државата и кога во процедура се закони кои што имаат малку поголемо реформско значење, не се овозможува на пратениците доволно временски период да бидат во консултации со стручната јавност, но и темелно да пристапат кон работите. Нашата пратеничка група е посветена на обврските кои што ги има во Собранието и адекватно одговара со многу голем број на амандмани кон овие закони, но би сакале да предупредиме дека во следниот период од 15 односно 20 дена овие закони, посебно од економската и финансиската сфера ќе треба да се донесат, да стапат во сила и да се применуваат од 1 јануари. Поголем проблем е тоа што сите компании односно стопански субјекти ќе немаат можност адекватно да се запознаат со содржината на новите закони кои што Владата ги предлага“, рече Димовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...