среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: закони | 170 резултати

Димовски: Собранието стана нотар на Владата без можност за сериозна дебата за законите

декември 6, 2019

Собранието, за жал, стана нотар на Владата без можност за никаква длабинска и сериозна дебата, анализа, без мислење на стручната јавност, со драстичен број на намалени јавни расправи и без одржување на било каква надзорна расправа во рамките на надлежностите на Собранието, рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. „Само во изминативе три […]

Копчињата за гласање во Собранието ќе прегреаат пред Нова година

декември 4, 2019

Полни раце работа ќе имаат пратениците на 11 декември, годинава бидејќи најмалку 51 пат ќе треба да притиснат на копчињата за гласање со оглед на тоа што толкав е бројот на точки на дневниот ред на собраниската седница закажана на тој ден. Предлог-закони, именување функционери, ратификација на меѓународни договори, финансиски планови на регулаторни тела и […]

Македонското Собрание под регионалниот просек на отвореност за граѓаните

ноември 8, 2019

Отвореноста на македонското Собрание за граѓаните е под регионалниот просек, покажува анализата на „Метаморфозис“ спроведена во рамки на проектот „ActionSEE“. Во истражувањето Собранието добило индекс на отвореност од 63 отсто врз основа на четири принципи: транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност. Во анализата се нагласува дека клучни елементи кои треба да ги подобри македонскиот, но и […]

Продолжува праксата на носење закони по итна постапка (инфографик)

август 8, 2019

Собранието на Северна Македонија не ја напушта практиката на донесување закони по скратена и итна постапка, иако во последните две години процентот на донесени закони по итна постапка е намален. Сепак, продолжува непочитувањето на правото за јавна расправа за предложените закони, што, пак, остава простор за нанесување штета на демократијата и неисполнување на основната улога […]

Продолжува практиката законите да се носат во скратена постапка

јули 23, 2019

Продолжува практиката законите во Собранието да се усвојуваат во скратена постапка со што се доведува во прашање квалитетот и функционалноста на новата регулатива бидејќи не се дава доволно време низ дебата да се преџвакаат предложените законски решенија. Тоа го покажува најновиот извештај „Индекс на одговорност, транспаретност и продуктивност на Собранието“ за првото тримесечје од годинава […]

Пендаровски потпиша укази за прогласување на три закони за социјална реформа 

мај 27, 2019

Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша указите на Законот за социјална заштита, на Законот за социјална сигурност за старите лица и на Законот за изменување и дополнување на законот за заштита на децата, информираат од Кабинетот на претседателот. Од таму додаваат дека имплементацијата на трите закони е од суштински интерес за граѓаните особено за најранливите категории […]

Пендаровски ги потпиша законите за абортус, за дискриминација, за пристап до информации и 15 други

мај 23, 2019

Претседателот на државата Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 18 закони, кои не беа потпишани од претседателот Иванов, соопшти претседателскиот кабинет. Меѓу потпишаните се указите за прогласување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, потоа Законот за прекинување на бременоста, попознат како закон за абортусот, а Пендаровски ставил потписи и на Законот за […]

Новиот закон за урбанизам нема да ги излечи лошите навики во градењето

март 28, 2019

И со новиот Закон за урбанистичко планирање, кој веќе е влезен во собраниска процедура за негово изгласување, нема да се променат лошите навики за градење. Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), Мартин Пановски за „Мета“ вели дека постојат големи недоречености во предложениот закон, кој владата веќе го усвои и го испрати до Собранието. […]

Косово ги донесе законите за формирање армија, Србија на готовс

декември 14, 2018

Косовските пратеници претпладнево ги изгласаа трите закони кои се однесуваат на промена на мандатот на Косовските безбедносни сили (КБС) во војска, со што Косово и официјално влезе во процес на добивање своја армија. Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, порача дека војската е на готовс. Седницата на косовскиот парламент, започна со едноминутен молк во […]

Собранието е институција која е најмалку вклучена во борбата против корупцијата

декември 13, 2018

Собранието како орган досега најмалку беше вклучено во борбата против корупцијата, смета Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнел -Македонија“ и прва претседателка на Антикорупциската комисија. Со слична констатација е и пратеникот Павле Богоевски, кој вели дека иако законодавниот дом има надлежности врз законите и врз изборот на членови на Државната комисија за спречување корупција (Антикорупциска), […]

Судските закони денеска на владина седница

декември 12, 2018

На 108. седница која ќе се одржи денеска во 13 часот, Владата ќе ги разгледува предлог-законите за судството. Министрите ќе одлучуваат за предлог – законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на законот за судовите, законот за Судскиот совет, законот за извршување на санкциите и за предлог – законот за изменување и дополнување на […]

Дескоска најави целогодишна контрола на АКМИС-от во 16 судови

декември 11, 2018

Министерката за правда Рената Дескоска соопшти дека донела решение со кое во текот на целата наредна година ќе се врши надзор на работењето на АКМИС системот во 16 судови. Проблемите со информатичкиот систем за автоматска прераспределба на предмети (АКМИС), неговото нефункционирање и преголемото влијание на човечкиот фактор беа утврдени со извештајот на Работната група за […]

Кого Обвинителството ќе го испитува во врска со бегството на Груевски?

ноември 15, 2018

Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) соопшти дека почнало предистражна постапка против одредени „службени лица за злоупотреба на службената положба и овластување“ во врска со бегството на Никола Груевски од Македонија. Со оглед на фактот што станува збор за предистражна постапка, не се соопштуваат повеќе детали, но одредени членови од Законот за внатрешни […]

Администрацијата за десет години не научи како се подготвуваат закони

октомври 31, 2018

Македонската администрација за цела деценија не научи соодветно да ги подготвува новите закони со што граѓаните би имале увид во тоа, какво влијание би имала новата регулатива врз секојдневието, односно какви ќе бидат трошоците од спроведувањето на новите законски одредби. Речиси десет години по воведување на алатката „Проценка на влијанието на регулативата“ (ПВР), земјава не […]

Димески: Законите најчесто се носат без проценка на финансиските импликации

октомври 2, 2018

Граѓаните и деловниот сектор во Македонија постојано укажуваат на честите промени на законската регулатива и усвојување нови закони кои наметнуваат скриени трошоци. Искуствата покажуваат дека надлежните институции кои се јавуваат како предлагачи на законите не подготвуваат проценка за влијанието на регулативата и не земаат предвид какви ефекти ќе предизвикаат новите одредби во општеството. Како да […]

Собранието во првите шест месеци донело 178 закони, најголем број од економска област

септември 4, 2018

Пратениците во Собранието донеле 178 закони, 83 од економска област, 52 од политички систем и 43 закони од областа на јавните дејности, покажува најновиот број на публикацијата „Мојот пратеник“. Во неа е содржан извештајот за работата на народните избраници за периодот од 1 јануари до 30 јуни, 2018 година. Во овој период, пет седници биле посветени на […]

Изгласан новиот состав на ДИК и законите договорени на лидерската средба

јули 25, 2018

Собранието попладнево без образложение и расправа ги избра новиот состав на Државната изборна комисија – ДИК и измените на законите кои беа договрени на лидерската средба во понеделникот. Членовите на ДИК беа избрани со 100 гласа „за“ без ниту еден пријавен за збор. Претседател на Комисијата ќе биде Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, а потпретседател Дитмире […]

Индекс на транспарентност: Министерствата и Владата подобри од општините

јуни 21, 2018

Центарот за граѓански комуникации го објави Индексот на активна транспарентност за 2018 година кој содржи рангирање на 97 институции од извршната власт на централно и на локално ниво (министерствата, Владата и општините) според степенот на исполнетост на обврските за проактивно објавување јавни информации (на сопствена иницијатива на институциите). „Индексот на активна транспарентност за годинава изнесува 43,5 […]

Арсовска: Стопанството е во стагнација, потребни се активни мерки за раст

јуни 7, 2018

Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, на денешниот форум насловен „Потенцијал на регулатива за ангел-инвеститори“, рече дека летаргијата кај стопанствениците е резултат на континуираната криза и воздржување од инвестиции. „Стопанството е во стагнација и потребни се активни мерки за поттикнување на нови инвестиции и раст. Она што ние во стопанството го чувствуваме е една […]

Анкета: Економската состојба е лоша, но компаниите очекуваат дека ќе се подобри

мај 10, 2018

Сегашната економска ситуација е оценета како полоша во однос на минатата година, покажува Анкетата за деловната клима во Македонија спроведена помеѓу членките на Македонско – германското стопанско здружение. Само 7 отсто од компаниите, моменталната економска состојба ја оцениле како добра, а 50 отсто ја оценуваат како лоша. – Кај компаниите има позитивното расположение во однос […]

Страна 2 од 9