петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: закони | 170 резултати

Ветувањето за носење закони во редовна постапка „прегазено“ по скратена постапка

28 јуни 2024

Само десетина дена по конституирањето на Собранието, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ го прекршија предизборното ветување дека скратената постапка при донесување закони ќе биде исклучок, а не правило. Најпрвин на 7 јуни по скратена постапка беа донесени измените на Законот за реорганизација на министерствата, а потоа на 25 јуни по иста процедура беа усвоени и корекциите […]

ДиЏовани: Владата и Собранието да го забрзаат носењето на законите за децата

25 декември 2023

Во текот на овие 30 години, правата на децата се немаат променето, но детството е тоа што се промени. Денес децата живеат во свет каде нивните права се доведени под ризик и ставени настрана заради други приоритети. Децата не можат да чекаат. Има закони важни за децата кои чекаат во владина или собраниска постапка да […]

Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е обврска за пристапување во ЕУ

12 септември 2023

Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ и во сродните реформски процеси затоа посветуваме особено внимание од сите аспекти. Ова се рефлектира и во Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која ја усвои Собранието, како и во Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 година, истакна министерката за труд и […]

Пендаровски одлучи да ги потпише измените на петте закони за коридорите 8 и 10д

29 мај 2023

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, одлучил да ги потпише указите за прогласување на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д што треба да ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Тој на прес-конференција рече дека секоја заинтерсирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој од овие закони, […]

Собранието ги изгласа измените на законите за реализација на коридорите 8 и 10д

26 мај 2023

Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-та седница по скратена постапка ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на […]

ЕУ ќе спроведе „стрес тест“ во седиштето на Твитер

1 декември 2022

Висок функционер на Европската унија во средата го предупреди сопственикот на Твитер, Илон Маск, дека платформата за социјални медиуми мора да преземе значителни чекори за усогласување со законите на ЕУ за умереност на содржината и дека европските претставници внимателно ќе го следат усогласувањето, пренесе Си-Ен-Ен. Твитер има „огромна работа“ за да ги исполни своите обврски […]

Не е точно дека три американски фирми купиле огромно земјоделско земјиште во Украина

30 август 2022

Украинското законодавство забранува продажба на земјоделско земјиште на странци и компании во странска сопственост. Ова ограничување може да се укине, меѓутоа претходно мора да има референдум, а референдум за оваа цел во Украина не беше одржан. Така што, не е вистина дека три големи американски мултинационални компании купиле над 17 милиони хектари украинско земјоделско земјиште. […]

Реформите во јавната администрација заглавија во законски измени

5 јули 2022

Законите што ја регулираат работата на јавната администрација се коригираат со години и сè уште се предмет на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација, пишува Вистиномер. Самиот факт што толку долго се носат и никако […]

Носењето закони по скратена постапка носи простор за влез на корупција

1 јули 2022

Еднаш кога ќе се донесе лош закон, кој остава простор за корупција, последиците можат да бидат преголеми. А проблемот на лоши закони веќе со години се провлекува кај нас, особено кога истите се носат по скратена постапка. Понекогаш десетици закони се носат и менуваат во еден ден, а со тоа и граѓаните немаат можност да […]

Носењето на клучните закони за администрацијата се влече со години

10 мај 2022

Најважен услов за напредок во секторот јавна служба и управување со човекови ресурси се основните закони од областа: Закон за административни службеници, Закон за вработени во јавен сектор и законот што допрва првпат треба да биде ставен во легислативата, Законот за високата раководна служба. Станува збор за законски решенија што треба да овозможат професионализација на […]

Животните имаат права само на хартија, активистите финансиски и психички исцрпени, но не се откажуваат

10 декември 2021

Пријави за неодговорно сопствеништво, организирање борби со кучиња, малтретирање и убивање животни на улица, шверц на диви животни, нелегални зоолошки градини. Правата на животните во Македонија секојдневно се прекршуваат, активистите и здруженијата го вклучуваат алармот, а институциите недоволно и несоодветно реагираат на прекршоците. Денешниот ден, 10 декември, освен што е Меѓународен ден на човековите права, […]

Водич за екоактивизам: Секој има должност да ја заштитува животната средина

28 ноември 2021

Како да ги искористиме македонските закони за да ја заштитиме животната средина, каква е улогата на граѓанскиот активизам и колку може секој поединец да придонесе за да живее во подобра околина, се насоките кои ги содржи публикацијата „Заедно ЗА природата: Водич за екоактивизам“ што ја објавија Институтот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво. Водичот […]

Корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Северна Македонија, нотирано е во Извештајот на Стејт департмент

24 јули 2021

Во најновиот Извештај за инвестициска клима за 2021 на американскиот Стејт департмент се вели дека корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Македонија иако законската рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди. Во однос на законите се нотира дека тие често се менуваат, што креираат „непредвидлива средина за бизнис која води до корупција“. […]

Законот за дивоградби успеа два пати да дојде во Собрание, оние за управување со отпад чекаат половина година

3 јуни 2021

Додека законот за легализација на дивоградбите успеа два пати во изминативе месеци да се најде на седница на Собранието на РСМ и Владата во последен момент го повлече на 29 мај, на власта и опозицијата во парламентот им треба повеќе од половина година за да го стават на дневен ред на собраниска седница сетот од […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа итна седница на Собранието, спикерот Џафери вели не прифаќа ултиматуми

25 март 2021

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ од говорницата на Собрание побара од СДСМ, Зоран Заев и владејачкото мнозинство веднаш да закажат итна пленарна седница на која што заедно ќе ги разгледаат и едногласно ќе ги изгласаат законите од таканаречениот петти пакет мерки поврзани со финансиската помош за граѓаните и компаниите. „Во овој момент, на оваа прес-конференција позади […]

Бектеши уште еднаш ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија за мерките за помош на стопанството

17 март 2021

Министерот за економија Крешник Бектеши, ја повика опозицијата да ги поддржи законските решенија од петтиот сет мерки на Владата, но и дел од законските решенија од четвртиот сет кој што беше донесен минатата година, а сѐ уште не се изгласани во Собранието. „Во Собранието сѐ уште има недонесени закони за реализирање на четвртите пакет мерки. […]

ГРЕКО: Слаб напредок во спречувањето корупција на пратениците, судиите и обвинителите

2 октомври 2020

Најголемиот дел од 13-те препораките на Групата земји против корупцијата при Советот на Еропа (ГРЕКО) за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, како и за судиите и обвинителите, се или делумно спроведени или се неспроведени, додека само неколку се целосно спроведени, од што произлегува дека Северна Македонија генерално не си ги исполнила обврските дадени […]

Над 100 европски организации бараат Полска да ги отфрли нацрт-законите за абортус

15 април 2020

Денеска и утре 16 април полскиот парламент повторно ќе расправа за два нацрт-закони со кои сериозно ќе се ограничи пристапот до безбеден абортус, а воедно и сексуалното образование ќе стане нелегално. Доколку законите стапат на сила, со ова ќе ги стават во опасност здравјето и благосостојбата на жените и адолесцентите во Полска. „Ги повикуваме членовите […]

Минимална плата за функционерите, но не и за јавната администрација

31 март 2020

Во вториот сет економски мерки кои Владата ги усвои на денешната седница, донесенa е одлука минимална плата од 14.500 денари за април и мај да примаат спортистите, самостојните уметници како и избраните и именувани функционери на државно и локално ниво, од претседател до директор, информираше на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски. Платата на вработените во […]

ДКСК: Двосмислени и непрецизни закони оставаат широк простор за коруптивно однесување

11 март 2020

Лошо формулирани законски одредби, закони напишани со неразбирлив јазик или со некохерентна правна техника, непрецизни и нејасни законски одредби овозможуваат законот различно да се толкува и оставаат широка можност за коруптивно однесување во примена на законите, нагласува Државната комисија за спречување корупција(ДКСК). Една од надлежностите на Комисијата е антикорупциска проверка на сите предлог-закони, но и […]

Страна 1 од 9