fbpx

Тренчевска: Интегрирањето на родовата перспектива е обврска за пристапување во ЕУ

Министерката Тренчевска посочи дека еднаквоста на жените и мажите во Северна Македонија денес најдобро се изразува преку односот помеѓу политиката или политичкиот естаблишмент, односно како Владата и Собранието се однесуваат на ова прашање

-

Интегрирањето на родовата перспектива е наша обврска во процесот на пристапување во ЕУ и во сродните реформски процеси затоа посветуваме особено внимание од сите аспекти. Ова се рефлектира и во Стратегијата за родова еднаквост 2022-2027 која ја усвои Собранието, како и во Националниот акциски план за родова еднаквост 2022-2024 година, истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на регионалниот форум „Родова еднаквост во пристапувањето во ЕУ.

На форумот се обрати и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.

Министерката Тренчевска посочи дека еднаквоста на жените и мажите во Северна Македонија денес најдобро се изразува преку односот помеѓу политиката или политичкиот естаблишмент, односно како Владата и Собранието се однесуваат на ова прашање. Во континуитет Собранието усвојува збир на закони, стратегии и други документи за антидискриминација, со кои се прави исчекор кон исполнување на обврските на државата Северна Македонија преку усогласување на нејзината регулатива со регулативите на ЕУ, нагласи министерката.

„За да можеме да го интегрираме ова прашање потребна е поголема сензитивност, како и знаење за родовата еднаквост. Затоа и го воспоставивме Ресурсниот центар за креирање на родови политики и родово одговорно буџетирање. Центарот го отворивме во март 2022 година во рамки на проектот поддржан од UN Woman. Ова е прв ваков центар во регионот кој служи за градење на капацитетите на јавната администрација на национално и локално ниво. Во изминатиот период спроведени се 32 обука со 420 учесници“ истакна Тренчевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...