fbpx

Потпишан протокол за соработка во борбата против трговијата со луѓе со Бугарија

-

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски и вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, денеска потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

„Мигрантската криза со која се соочија нашите држави во изминатите години го зголеми ризикот од трговија со луѓе. Со потпишување на протоколот јасно ја изразивме нашата подготвеност за интензивирање на размената на информациите во однос на превенцијата и борбата против трговијата со луѓе, како и за спроведување на заеднички активности за идентификација на новите трендови за трговија со луѓе и креирање на погодни механизми за соодветен одговор. Исто така, со овој протокол се отвараат можности за спроведувањето заеднички јавни кампањи за подигнување на свеста на јавноста за превенција на трговијата со луѓе, како и спроведување на заеднички проекти, обуки и размена на искуства со цел јакнење на капацитетите за борба против трговија со луѓе“, рече Спасовски.

Вицепремиерот Каракачанов потенцира дека и потпишувањето на протоколот е уште еден показател за добрососедските односи и истакна дека очекува наскоро добри вести за Република Северна Македонија односно започнување на преговорите со Европската унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...