fbpx

Jанева: Не сум ја злоупотребувала должноста, Бојан Јовановски го злоупотребил моето име

-

Најодговорно тврдам дека не сум ја злоупотребувала должноста ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување, ниту со несторување не сум ја злоупотребила должноста која во моментов сè уште ја извршувам. Не само Бојан Јовановски, и други го злоупотребувале моето име, изјави денеска Катица Јанева на прес конференција во СЈО.

Таа се појави сама на говорницата, а откако го прочита тоа што го имаше напишано замина, без да им остави можност на новинарите да поставуваат прашања.

Таа рече дека нејзиното име било злоупотребено од Бојан Јовановски – Боки 13, кој е веќе во притвор за случајот „Рекет“, но и дека и други го злоупотребувале нејзиното име. Ги повика нејзините колеги од Јавното обвинителство да го разрешат случајот.

– Ги охрабрувам правосудните органи да го разрешат случајот „Рекет“. Очекувам низ транспарентна постапка дека ќе се разреши оваа ситуација. Се познавам со Бојан Јовановски. Не сум криела дека мојот син работи во 1 ТВ, но ова не значи дека некој требало да ме злоупотребува – рече првиот човек на СЈО, која депонираше оставка.

На крајот таа се заблагодари за целата поддршка од граѓаните и медиумите за работата на СЈО.

– Сакам да се заблагодарам на сите граѓани и на медиумите, кои со цела поддршка ни помогнавте да работиме одговорно за иднината на нашата земја – рече Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...