четврток, 4 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Krasimir Karakachanov | 24 резултати

Бугарски „Медиапул“ со 10 незгодни прашања околу бугарското вето за Северна Македонија

24 ноември 2020

Бугарскиот новински сајт „Медиапул“, кој е од критичките медиуми што будно ја следат и критикуваат владата на Бугарија, денеска излезе со 10 прашања до власта во врска со бугарското вето и генералната политика кон Северна Македонија. Од назначувањето на Орце Камчев за почесен конзул, преку потпишување на Договорот за добрососедство, кој бил претходно силно критикуван, […]

Шекеринска за „полкот“ на Каракачанов: комуникацијата меѓу сојузници не смее да биде ваква

21 октомври 2020

„Бугарија е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО. Комуникацијата на сојузници не смее да биде ваква“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска коментирајќи ја изјавата на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов, кој рече дека „ќе испрати инженериски полк“ во Македонија да ги отстрани спомениците со табли на кои стои формулацијата „бугарски […]

Шекеринска по изјавата на Каракачанов: сега е момент кога се гледа кој е за добрососедски односи

24 септември 2020

„Сега е моментот кога се гледа колку сме за добрососедски односи. Ние нашиот тест го поминавме“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска по денешната изјава на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов дека Бугарија ќе се спротивстави на одржувањето меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија за почеток на преговорите за членство. -Таквите изјави не […]

Евреите од Бугарија: Прогласувањето „соросоиди“ и од Каракачанов и од сите други е еднакво на антисемитизам

11 август 2020

На изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на бугарската партија ВМРО, Красимир Каракачанов, „Соросоидни НВО-а сакаат да ја земат власта, да воведат геј бракови“, реагираше Организацијата на Евреите во Бугарија (ОЕБ) „Шалом“, која порача дека ваквата реторика е антисемитистичка во срж. Каракачанов ја даде оваа изјава на 32-от ден на […]

За Каракачанов бугарските војници биле ослободители, а не окупатори

17 октомври 2019

Красимир Каракачанов, ноторен негатор на македонскиот национален идентитет, претседател на бугарската партија ВМРО-БНД и бугарски вицепремиер и министер за одбраната, вчера во изјава за медиумите во Владата на Бугарија, порача дека Македонија греши со прославувањата на 11 Октомври, Ден на народното востание, и наместо тоа требало да се празнува 20 април 1941 година, кога, како […]

Каракачанов: Северна Македонија ќе чека во предворјето ако не се реши прашањето за Гоце Делчев

16 октомври 2019

Северна Македонија ќе стои во предворјето и ќе чека, рекол денеска бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов пред новинарите кои го чекале во бугарската влада, јави порталот „Топ Новини“. Тој порача и дека Македонија „направила голема глупост“ со одбележувањето на 11 Октомври. Тој рекол и дека уште не се запознал со она што […]

Манипулативни вести за бугарско вето шират тензии во регионот пред самитот на ЕУ

7 октомври 2019

Наспроти недостатокот на официјално соопштение за евентуално бугарско вето кое би ја спречило Република Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија, одредени медиуми шират алармантни и непотврдени наводи. „На Северна Македонија ѝ се случува неочекуваното, еве која земја кажа не за преговорите“, се вели во насловот на веста објавена од порталот „Без […]

Можната блокада од Софија за Скопје за во ЕУ отстранета – заканите остануваат

3 октомври 2019

Можноста од блокада за добивањето датум за преговори на Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија, што ја одбележа неделата, е отстранета, но заканите од Софија за целиот процес на интеграција на земјата остануваат.  Ова е епилогот на една краткотрајна тензична ситуација која се создаде, се чини, со ништо предизвикана, а која е врзана […]

Заев: Очекувам поддршка од Бугарија за нашето членство во ЕУ

30 септември 2019

Можно е брзо да се најде решение на отворените прашања со Бугарија, но за тоа е потребна волја од двете страни. Премиерот Зорав Заев посочи дека Македонија и Бугарија потпишале договор со кој прифатиле дека имаме заедничка историја, но Заев потсети и дека дел од историјата ни е посебна на двете земји. – Во тој […]

Бугарија најави црвени линии за ЕУ-преговорите на Македонија, и во Грција исти тонови

30 септември 2019

И бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Бојко Борисов по консултативната средба во претседателскиот кабинет претпладнево излегоа со најави за црвени линии во поглед на бугарската поддршка за зачленување на Македонија во ЕУ, иако не го посочија специфично 17 октомври, кога од ЕУ се очекува датум за преговори за Македонија, како момент за бугарско вето. […]

Бугарското ВМРО ќе ја напушти владата ако Софија ја поддржи Македонија за членство во ЕУ

30 септември 2019

Бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана, истовремено и претседател на бугарската политичка партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, викендов порача дека тој и неговата партија нема да го поддржат членството на Северна Македонија во ЕУ. Тој побара истиот став да го усвои и владата на Бугарија, а во спротивно неговата партија ќе […]

Потпишан протокол за соработка во борбата против трговијата со луѓе со Бугарија

23 јули 2019

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски и вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, денеска потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе. „Мигрантската криза со која се соочија нашите држави во изминатите години го зголеми ризикот од трговија со луѓе. Со потпишување на протоколот […]

Каракачанов и новинарот во натпревар против Македонија со антиката и средновековјето

14 јануари 2019

Во обемно интервју со Красимир Каракачанов, бугарски вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД, емитувано на 8 јануари на бугарската радиомрежа „Фокус“, новинарот изобилно ја користеше реториката на познатиот негатор на македонската нација дотолку што интервјуто изгледа како двајцата да се обединиле против Македонија. Односно, како Каракачанов да ги […]

Српски медиуми погрешно го претставуваат Каракачанов како официјална Софија

18 декември 2018

Во анализа под наслов „Скопје и Софија во клинч: Тензиите се сè поголеми, Бугарија и порачува на Македонија дека провоцира и дека македонскиот јазик НЕ ПОСТОИ“ oбјавена денеска, претставувајќи ги најновите искрења во македонско-бугарските односи, српскиот весник „Блиц“  сосема погрешно со насловот го поистовети бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов со целата власт на […]

Заев до Каракачанов: Мое право е да бидам Македонец и да зборувам македонски јазик

10 декември 2018

Дека јас сум Македонец, дека јас зборувам македонски јазик, тоа е мое право, тоа е европска вредност, одговори премиерот Зоран Заев по острите напади во колумната и телевизиските настапи викендов и денеска од Красимир Каракачанов, актуелен вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија и претседател на националистичката ВМРО-БНД, но и на пораките од Екатерина Захариева, […]

Каракачанов не чита историја, а ни договори кои ги потпишала владата во која членува

10 декември 2018

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов и претседател на ВМРО-БНД, а по него и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од ГЕРБ, обајцата припадници на бугарската политичка десница, викендов настапија со остри квалификации за македонскиот национален идентитет. Вториот, иако не ги повтори заканите од Каракачанов дека Бугарија може да го блокира зачленувањето на Македонија во […]

Албанија и Бугарија ќе се залагаат Македонија поскоро да влезе во НАТО

1 декември 2017

Албанскиот заменик-министер за одбрана, Петро Кочи, порача дека Албанија и Бугарија ќе бидат силни поборници Македонија што е можно поскоро да стане членка на НАТО и дека тоа не е важно само за народот на земјата, туку и за регионот во целина. Кочи беше на трилатерална средба во Охрид со македонската министерка за одбрана, Радмила […]

Националистот Каракачанов го славеше Денот на Македонија како министер

6 јуни 2017

Бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, вчера во Софија пред споменикот на револуционерите од Македонија и Тракија, првпат го одбележа Денот на Македонија како владин министер, јави „Балкан инсајт“. Претходно Каракачанов, според бугарските медиуми, бил редовен учесник на одбележувањата, но првпат годинава го зеде под свое […]

Новата влада на Бугарија стапи на должност, Борисов во трет премиерски мандат

4 мај 2017

Попладнево бугарскиот парламент го одобри составот на новиот владин кабинет предводен од претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по што министрите положија заклетва и официјално ја презедоа власта. Малку подоцна, во седиштето на бугарската влада се одржа примопредавањето на должноста меѓу техничкиот премиер Огњан Герџиков и Борисов. Во моментов на веб-страницата на бугарската влада се поставени […]

Радев „ја препорача“ новата влада на Борисов со Красимир Каракачанов како вицепремиер

4 мај 2017

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска издаде указ со кој му предлага на бугарскиот парламент да ја изгласа новата влада на Бојко Борисов, откако лидерот на ГЕРБ утринава му го достави составот на новата влада. Радев ѝ посака успех на новата влада. Новиот кабинет на Бојко Борисов е третиот што тој ќе го води како премиер […]

Страна 1 од 1