Шекеринска за „полкот“ на Каракачанов: комуникацијата меѓу сојузници не смее да биде ваква

-

„Бугарија е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО. Комуникацијата на сојузници не смее да биде ваква“, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска коментирајќи ја изјавата на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов, кој рече дека „ќе испрати инженериски полк“ во Македонија да ги отстрани спомениците со табли на кои стои формулацијата „бугарски фашистички окупатор“.

– Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за сериозни. Бугарија е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин на кој што комуницираат или треба да комуницираат членки на Алијансата. Ние ќе продолжиме да ги испраќаме истите пораки кои што сме ги испраќале изминативе години, а тоа е дека нашите граѓани нè плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност. А таа безбедност зависи од добрососедски односи, рече Шекеринска на денешната промоција на потпоручници и заклетва на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Шекеринска додаде дека очекува Бугарија да продолжи да ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија.

Коментирајќи ги најавите на американскиот секретар за одбрана Марк Еспер дека американски оклопен полк од Германија би можел да биде преместен во Полска, Романија или во Бугарија, Шекеринска оцени дека тоа ги демантира тврдењата дека САД го губат интересот за Европа.

– Ова го покажува и интересот на САД, но и интересот на целиот северноатлантски регион да инвестира во зголемено воено присуство како порака дека безбедноста на секој сојузник е безбедност и на Алијансата, рече Шекеринска.

На денешната свеченост на Воената академија беа промовирани 27 питомци од 20. класа, од кои 19 нови македонски офицери, три од Црна Гора, четири од Босна и Херцеговина и еден од Косово. Истовремено, заклетва дадоа 40 питомци од 24. класа на Академијата кои ќе го започнат военото образование. Од нив, 25 се од Северна Македонија, 8 од Црна Гора, 6 од Босна и Херцеговина и 1 од Косово.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...