Манипулативни вести за бугарско вето шират тензии во регионот пред самитот на ЕУ

-

Наспроти недостатокот на официјално соопштение за евентуално бугарско вето кое би ја спречило Република Северна Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија, одредени медиуми шират алармантни и непотврдени наводи.

„На Северна Македонија ѝ се случува неочекуваното, еве која земја кажа не за преговорите“, се вели во насловот на веста објавена од порталот „Без цензура“ (Pa censurë), која што ја анализира проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ пред претстојниот Самит на ЕУ.

Порталот нема импресум, а според телефонскиот број за контакт може да се заклучи дека е лоциран на Косово. Едновремено, тој објавува и реклами за услуги наменети за читатели од Северна Македонија.

Начинот како е напишан насловот остава впечаток дека информацијата е сигурна и проверена. Сепак, кога ќе се прочита целиот напис, се гледа спротивното.

Тоа што се посочува во насловот, всушност, реферира на изјава на бугарскиот министер и вицепремиер Красимир Каракачанов, кој не е авторитет што одлучува да се каже „не“ за датумот на ЕУ за РСМ. Со неговиот цитат медиумот го користи концептот на манипулација „повикување на авторитет“. Ова е направено со намера дека ако тој биде цитиран, јавноста ќе верува дека информацијата е вистинита, иако тоа не е официјален државен став на Република Бугарија.

Проверката на факти на „Критинк“ заклучува  дека пренесувањето на изјавите на кој било министер што се спротивставува на тоа РСМ да го добие датумот за почеток на преговорите со ЕУ, не значи дека станува збор за државна одлука, а медиумите треба да ги проверуваат работите и да објавуваат факти.

Во регионален контекст, шпекулациите во врска со поставување дополнителни пречки од земјите членки на Европската Унија за земјите кандидати Северна Македонија и Албанија се користат како повод за поттикнување нетрпеливост на етничка и национална основа.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...